Имала јаболко во багажот, еве што ја снашло
Жена која патувала со лет од Париз до Денвер добила казна од 500 долари поради јаболкото што го имала со себе. Но, таа јаболкото го добила во авионот како ужина за време на летот.
Кристал Тадлок објасни дека добиеното јаболко го чувала за дополнителниот лет од Минеаполис до Денвер. Штом слетала во Минеаполис, граничната полиција го пребарала нејзиниот багаж во случаен претрес на патници. Во него тие го пронашле непријавеното јаболко во кеса.
Американската царинска и гранична патролa соопштила дека нема да коментираат за овој бизарен случај, но информираа дека сите земјоделски производи мора да бидат пријавени, објави Би-би-си.
Кога полицијата го пронашла јаболкото, жената објаснила дека само што го добила и прашала дали треба да го фрли или да го изеде. Наместо да ѝ одговорат, полициските службеници ѝ пишале казна од 500 долари. Тадлок сега вели дека има избор да ја плати казната или да ја оспори на суд.