Имам 59 години и сè уште не сум влезена во менопауза: Речиси секој ден имам секс со него!

Здравиот и активен сексуален живот може да ви ја одложи менопаузата, се резултатите од едно истражување!

Редовниот секс може да помогне да се одложи менопаузата која обично се јавува кај жени на возраст од 45 до 55 години. Просекот е околу 51 година.

Вики Роудс (59) тврди дека сè уште не влегла во менопауза и сето тоа благодарение на нејзината љубовна ситуација. На 49 години го запознала Џек (39) со кој започнала врска. Сега вели дека нивната врска е причината што сè уште не влегла во менопауза.

Во разговор со нејзините пријателки кои веќе многу се жалат на симптомите на менопауза, како што се топли бранови, ноќно потење, раздразливост, нарушувања на спиењето и сувост на вагината, Вики не можела да поверува бидејќи сè уште ги нема овие симптоми.

- Последната студија ми даде објаснување бидејќи во годините кога требаше да дојде до менопауза, започнав врска со Џек. Имаме секс речиси секој ден десет години. Тоа веројатно ги одржуваше моите хормони во нормала – вели таа, а пренесува „Дејли Мејл“.

Истражувачите велат дека со одржување на активен сексуален живот, ја одржувате и активноста на вашите хормони, па останувате поплодни подолго време.

Научниците велат дека ако жената нема секс и нема шанси за бременост, телото избира да не инвестира енергија во овулација и влегува во менопауза.

- Во периодот кога многу жени се соочуваа со менопауза, со Џек ги доживеав најубавите моменти во животот. Зад мене имам два неуспешни брака, од кои единствена среќа ми се синот и ќерката. Џек е првиот маж кој сексуално ме возбудува, во време кога многу жени немаат ни сексуален живот – изјавиhttps://stil.kurir.rs/ Вики.


Извор: stil.kurir.rs