Имам толку многу причини за да сум среќна: Ирена Спасовска прослави роденден

Фолк- пејачката Ирена Спасовска вчера славеше роденден.

Со фотка седната на фотелја таа позира, а испрати и една порака. Таа на Фејсбук напиша:

„Денес е мој ден, и имам толку многу причини да сум среќна. Благодарна сум што сум жива и  благодарна за сѐ со што сум благословена.

Моето сакано семејство, моите драги пријатели, моето здравје, мојата работа, мојот однос кон животните и природата. Тука е и љубовта кон сите мои верни обожаватели“.

Спасовска ужива во животот, живее со полни гради, а годините за неа се само бројка. Таа е вистинска згодница, дива и нескротлива, а истовремено и тренди дама.

И посакуваме да слави уште многу родендени.

Згодна и тренди: Пејачката Ирена Спасовска на одмор во Тунис (ФОТО)