Имаме одговорност да ги едуцираме децата разумно и внимателно да го користат интернетот: Интервју со Елена Димовска, А1 Македонија

Добивај вести на Viber

Интервју со Елена Димовска, Раководител на оддел за корпоративни комуникации во А1 Македонија

Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности и земајќи предвид дека А1 Македонија е двигател на дигитализацијата во нашата земја, компанијата се залага за дигитална едукација на најмладите, притоа обрнувајќи особено внимание за нивната безбедност при користењето на интернетот. За проектот за безбеден интернет “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!” и идните планови на компанијата поврзани со овој проект, разговаравме со Елена Димовска, Раководител на оддел за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

* А1 Македонија четврта година по ред продолжува со проектот за едукација  на четвртоодделенците од основните училишта за како безбедно да го користат интернетот, а неодамна го имаше и првото предавање. Од каде дојде идејата за еден ваков проект и што опфаќа програмата?

- Како компанија која е дел од А1 Групацијата, уште во 2013та година започнавме со имплементација на групацискиот проект “Интернет за сите” кој има за цел да го доближи интернетот до сите жители во земјите каде работат компаниите од групацијата и да ги едуцира младите и возрасните за интернет писменост. На почетокот во Македонија проектот функиционираше со помал опсег, насочувајќи се кон едукација на децата на нашите вработени, но веќе од 2018 година проектот доби нова димензија, под името “Интернетот не само игра...Кликај безбедно!”. Во февруари таа година, заедно со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ја започнавме иницијативата за едуцирање на четвртооделенци за безбедно користење на интернетот, преку интересни и интерактивни предавања адаптирани за возраста. Самите предавања се одржуваат од страна на наши колеги кои по пат на волонтеризам се вклучени во програмата. Целта на проектот е едукација на учениците за подобро и паметно користење на интернет, како да се заштитат од можни опасности при користењето на интернет и социјални мрежи, како и подигање на свеста на пошироката јавност за етичко и одговорно однесување при користењето на интернет.

* Со оглед на пандемијата која го зафати целиот свет, оваа година предавањата се одвиваат онлајн. Како изгледа едно предавање и колку училишта ќе бидат опфатени во учебната 2021 година?

- Токму така, како имногу аспекти на нашето работење, така и оваа програма комплетно ја адаптиравме на новите услови на фукнционирање. Имено, концептот и целта на самата едукативна програма “Интернетот не само игра...Кликај безбедно!” останаа исти како и изминатите години, но отсега интерактивните предавања се одвиваат онлајн преку платформата MS Teams, преку која всушност се одвиваат и предавањата за редовна настава во училиштата. Во рамките на 45-минутните предавања, волонтерите од А1 Македонија, на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, на децата им ја доловуваат суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето. До крајот на оваа школска година, програмата предвидува да бидат опфатени  повеќе од 10 основни училишта од 6 градови во земјата - Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Тетово и Штип, а првото предавање минатата недела веќе го одржавме во ОУ “Блаже Конески” во Скопје.

* Каков е фидбекот на терен? Колку чувствувате дека вашите зборови допираат до најмладите?

- Особено е интересно колку децата се технолошки писмени. Сè разбираат, учат, впиваат. Активно учествуваат, кажуваат ситуации и поставуваат прашања кои дополнително нè уверуваат во исправноста на оваа наша едукативна мисија. Од досегашните предавања забележуваме дека речиси 99% од децата знаат што е интернет и во некаква форма и самостојно биле дел од светската мрежа. Најголемиот број од нив интернетот го користат за игри и забава, што е и логична појдовна точка за едукација, бидејќи токму во тие содржини децата можат да се сретнат и со првите опасности како на пример pop-up банери или пак други форми на рекламни содржини со скриени намери.

Децата се бескрајно љубопитни и секогаш во потрага по откривање на нови хоризонти интересни за нив и од особена важност за нивното континуирано учење и надградба, но интернетот е место каде постојат потенцијални опасности, доколку не се користи претпазливо.  

* Кои се идните планови на А1 Македонија во однос на програмата “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!”?

- Досега оваа програма има опфатено повеќе од 21 училиште во 12 градови во Македонија со што дел од нашите предавања досега биле повеќе од 2000 деца, а земајќи ја предвид успешноста на проектот и задоволството на наставниците, родителите и пред сè децата, со сигурност ќе продолжиме и понатаму со нашата програма. Како компанија која е двигател на дигитализацијата во нашата земја, имаме одговорност да ги едуцираме не само најмладите туку и сите членови на нашето општество разумно да го користат интернетот, па затоа во иднина сакаме да се посветиме на проширување на темите на едукација за дигитална писменост на населението.

* Од неодамна А1 Групацијата го лансираше проектот “ESG” (Environmental, Social and Governance), кој се фокусира на општествената одговорност на компанијата. За што всушност се работи?

- А1 како групација има амбиција да стане лидер во одржливост помеѓу компаниите во индустријата, па затоа отсега новиот начин на одржливо работење е инкорпориран и во корпоративната стратегија на компанијата. Во склоп на ESG проектот кој функционира во седумте земји од групацијата, зададовме заеднички цели за периодот до 2030 година, кои се поставени во насока на поддршка на глобалните климатски цели. Како што и самото име на иницијативата посочува, ESG - Environmental, corporate and social governance, проектот е фокусиран на три главни области - намалување на влијанието врз животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени, со цел нула емисија на јаглерод до 2030 година; едуцирање на младите но и возрасните за дигитална писменост, со цел да научиме 100.000 луѓе како одговорно да го користат интернетот; како и промовирање на социјалната разновидност и родова еднаквост и управување со одржливи процеси во деловното опкружување. 


ПР објава