„Имаме односи 4 пати неделно и сите наши пари се за нас самите и затоа немаме деца“: Брачна двојка тврди дека луѓето со деца се „жални“

Брачниот пар Тејлор и Џастин Васу од округот Оринџ, Калифорнија, немаат деца, а нивното потомство се‘ уште не е во нивните планови. Посочуваат дека тоа што не се родители им дава слобода да одат на 12 патувања годишно, да уживаат во мрзеливост за време на викендите, но и да имаат секс четири пати неделно.

Тејлор и Џастин се заедно шест години, а слободното време го поминуваат во патување, одење во ресторани, вежбање и спиење за викендите без ограничувања. Тие, исто така, се етикетираат како двојка со двоен приход и без деца.

И двајцата веруваат дека во овој момент е скапо да се има деца и дека е неодговорно да се има додека не се целосно финансиски стабилни. Наместо да одвојат пари за децата што треба да ги имаат, тие штедат за да купат куќа.

Тејлор, 28-годишна дизајнерка на ентериер, истакнува дека луѓето што ги познава и имаат деца често се „жални“ и се плаши што ќе направи родителството со нејзиниот брак со Џастин.

„Повеќето луѓе велат дека животот е завршен кога имаш деца. Затоа ние не сакаме да ги имаме. Луѓето понекогаш се обидуваат да ме сопнат со чувство на вина велејќи дека мојот биолошки часовник отчукува. Јас секогаш им го велам ова: „Ти си лута на последиците од твоите постапки, не сакам да бидам жална како тебе. Можеме да правиме што сакаме, кога сакаме и нема да се откажеме од тоа“, посочи таа. 

Двојката се запознала на колеџ во јули 2017 година и се венчале на Хаваи во јуни 2022 година и инсистираат на тоа дека не размислуваат да се обидат да имаат деца во скоро време. Тејлор вели дека главен виновник за ова е пандемијата на Ковид-19. 

„Изгубивме две години од нашите животи поради Ковид. И двајцата сакаме да патуваме и тоа отсекогаш била основата на нашата врска. Сега светот повторно работи, сакаме да ги посетиме сите оние места што ги пропуштивме. Имаме пријатели со мали деца, а видовме колку тоа ги запираво животот. Ретко ќе видите пар со бебе да патува на Тахити“, вели дизајнерката.

„Нашиот распоред ни дава слобода сами да го пополниме, тој е само наш. Ние сакаме спонтани планови, а кога имате деца тоа е невозможно“, додава таа, објаснувајќи дека тие никогаш не се премногу уморни за ноќи со див секс, што не би било случај да имаа деца.. 

Оваа Американка истакнува дека се плаши како едно дете може да влијае на неа како индивидуа, но и на нејзиниот брак. Таа исто така нагласува дека сака да биде финансиски стабилна пред да стане мајка.

„Вашиот живот почнува да се врти околу детето и заборавате на себе и на вашиот брак. Одржувањето независност во врската е навистина важно, но станува многу тешко кога имате деца бидејќи тие зависат од вас. Тешко е да го одржите вашиот идентитет. Да имате дете е исто така скапо. Сакам да купам куќа и да имам барем 10, 15 илјади пред воопшто да помислам да имам дете. Сакаме да почекаме додека не се подготвиме финансиски пред децата, како и да патуваме низ светот. Сакам да бидам личност чиј живот не запира кога ќе има дете. Се плашам дека би била лош родител, па затоа претпочитам прво да се грижам за сите. Кога имаш деца, немаш викенди, слободни вечери и можете да заборавите на интимноста. Не сме подготвени за деца финансиски или психички. Сепак сакам да се забавувам со мојот сопруг. Уживаме што сме млади и заљубени и не ни требаат деца во скоро време“, децидна е Тејлор.

Нејзиниот 27-годишен сопруг се согласил: „Ние го мислиме истото. На крајот сакам деца, но во моментов сакам само да уживам во времето со Тејлор и нашата врска“.


Фото: Инстаграм