Имаше шест деца и роди осумка: Светот зборуваше за контроверзната октомама, а еве каде е таа денес и што се случи со нејзиното семејство

Светот зборуваше за Надја Сулеман, позната како Октомама, како што гласи прекарот што си го дала. Нејзината приказна е полна со контроверзии, а таа повторно привлече огромно внимание со неодамнешната објава на Инстаграм.

Поводот овој пат е многу убав. Осумката тргна во осмо одделение и Надја Сулеман тоа го одбележа на својот Инстаграм профил. Таа им порача на децата да бидат горди бидејќи се љубезни и пример за помладите ученици.

View this post on Instagram

A post shared by  (@nataliesuleman)


Таа напомена дека нејзините поголеми деца не сакале таа да ги фотографира на првиот училишен ден, односно тоа да го објави на Инстаграм, па ја испочитувала нивната желба.

На Инстаграм профилот на оваа мајка можеме да видиме дека таа од неодамна е посветена на веганската исхрана и тренинзите. А неодамна се пофали дека нејзините најмали деца ѝ ги подготвиле омилените јадења за нејзиниот 47 роденден.

View this post on Instagram

A post shared by (@nataliesuleman)


Контроверзната мајка која роди осумка со помош на ин витро оплодување ја сподели својата животна приказна пред неколку години, истакнувајќи дека се борела со медиумското внимание кое го добила како Октомама.

„Секој ден ќе се будев со најстрашното чувство. Не сакав да живеам. Се чувствував како да не сум човек, додека се преправав дека сум тој лик, сè со цел да преживеам и да го издржувам семејството. Не сакав моите деца да ме паметат така. Бев принудена да правам работи што не ги сакав, затоа што се плашев дека нема да можам да им го дадам животот што го заслужуваат. Кога ја оставив Октомама зад себе и се вратив на она што навистина сум, почувствував мир и внатрешна радост“, рече таа. Надја, која подоцна си го даде името Натали.

Во 2009-та година оваа жена стана позната низ целиот свет, а предизвика и многу критики. Рече дека за да го прехрани своето големо семејство, била принудена да прави работи од кои подоцна се срамела, како што се снимање порно и танцување во стриптиз бар. Таа откри и дека средбата со непознат маж која се случила додека се занимавала со стриптиз ѝ го променила животот.

„Тој ме фати за рака и нежно, но цврсто рече: „Не мора да го правиш ова". Го повтори пет пати. Не можев да ги сопрам солзите. Почувствував гадење. Погледнав надолу, а кога погледнав нагоре, го немаше“.

Меѓу најновите информации за оваа мајка беше дека таа се преселила во Лагуна, округот Оринџ, каде што пораснала и дека нашла работа со скратено работно време во центар за лекување зависност од дрога.

View this post on Instagram

A post shared by (@nataliesuleman)


Таа истакна дека нејзините деца ѝ се доволни во животот, односно не ѝ треба партнер.

„Тоа не е за мене, мојот повик беше да бидам мајка. Најсреќна сум дома со моите деца. Знаев дека ќе го жртвувам мојот социјален живот, но тоа е во ред бидејќи не сум социјална“, вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by (@nataliesuleman)


Според објавите на нејзиниот Инстаграм профил на кои се пофали дека нејзината ќерка дипломирала, некој би рекол дека го почитува тоа што го кажала. Навистина се надеваме дека е така.


Извор: zena.blic.rs