Имав краток брак и два спонтани абортуси: Миа Костова откри емотивни детали за себе
Водителката Миа Костова на својот профил на Инстаграм, објави ред видеа во кои објасни дека ќе прави „лајв“ за своите следбеници на тема „Спонтан абортус во првото тромесечие“. Кажа дека оваа тема емотивно ја погодува и неа самата, а причината е нешто кое го откри за првпат.
- Никогаш досега јавно не сум зборувала за ова. Кога имав 21 или 22 години имав еден краток брак во којшто за волја на вистината имав два спонтани абортуси во рок од еднаипол година. Иако бев многу млада, во моментот кога ќе ми се случи тоа имате милион прашања зошто јас, дали ќе родам дете, дали можам да износам дете, дали ќе останам пак трудна, што ми недостига, дали сум болна од нешто- и сите тие прашања си ги поставувате сами на себе или уште подобро ќе биде ако имате соодветен гинеколог, јас фала Богу тогаш имав и некако успеваше да ми влее храброст дека немам апсолутно никаков здравствен проблем и дека се ќе биде како што треба и навистина години пдооцна имав совршена бременост којашто денес скоро ќе полни осум години- откри Миа.
Неодамна Миа откри дали има нова девојка, односно дали Тијана Скулиќ, младата девојка која постојано ја гледаме во друштво на водителката и синот Андрија е нејзината нова љубов.