Животна училница // Приказни
Имав уште две операции, беше густо: Игор Џамбазов ја отвори душата
- 15 Јули, 2018
Пред десетина дена, во клиниката на Жан Митрев ми направија уште две операции, и тоа на двете нозе. Повторно беше густо, ама преживеавме. Најважно е дека сега се чувствувам одлично и подготвен сум за концертите со „Гуру Харе бенд“ кои ги имаме цело лето, открива Игор Џамбазов во интервју за порталот „7дена“.
Понатиот актер, музичар и писател во меѓувреме работи на неколку проекти. Подготвува нова книга која ја пишува заедно со својата сестра Тања, има неколку нови текстови за албумот на Тамара Тодевска, а наскоро ќе ја промовира и новата песна со Гуру Харе.