Имавме 16 години кога го добивме синот Лука: Животот ни се преврте наопаку, мислевме дека е крај, а вака живееме денес
Момче по име Ели Вилер ја сподели со своите следбеници на
социјалната мрежа „Х“ приказната за тоа како станал татко на 16 години. Иако во
првиот момент му се чинело дека нема иднина и дека животот ќе му застане поради
невнимание во односот со девојката, животот го наградил со убаво, здраво и
среќно семејство, а со неговата упорност и амбиција изградил и успешна кариера.
Спомените за тинејџерската бременост на неговата сегашна свршеница, неговите чувства кога од неа ги слушнал зборовите: „бремена сум“, но и мислите и стравовите со кои се соочил поради неизвесноста во која се нашол, Ели Вилер, сега 24 години стар со успешна кариера во областа на финансиите, но и татко на две момчиња, сакаше детално да раскаже пред широката публика и со личен пример да мотивира многумина кои се во слична ситуација.
„Станав татко на 16 години. Кога првпат ја слушнав веста дека ќе станам татко на 16 години, срцето ми прескокна и почувствував дека мојот живот е уништен за миг“, ја започна својата исповед.
I became a father at 16 years old.
— Eli Wheeler (@eli_wheeler) August 13, 2024
This is my story and my why pic.twitter.com/V72LFT7vo1
Не можел да и каже на мајка си, но нејзината реакција променило сè.
Неколку дена криел се‘ од мајка му. Се плашел да ѝ каже. Се плашел од нејзината реакција. Меѓутоа, кога собрал храброст да ѝ ја соопшти веста за која бил сигурен дека ќе ја шокира, останал изненаден од нејзината реакција.
„Таа ме увери дека се‘ ќе биде во ред. „Никој не умирел“, рече таа и додаде дека, иако сега не е идеално време да се станам татко, можело да се случат многу полоши работи од зачнувањето на новиот живот. Ќе излезе дека мама била во право“, раскажува Ели.
„Првите неколку години беа многу тешки“, се сеќава тој.
„Всушност сум во магла. Не можев премногу да се потпрам на луѓето на моја возраст. И не познавав ниту еден татко. Но, ги сакав и сè уште ги сакам Лука и мојата девојка (сега свршеница) повеќе од се‘ и ние поминавмемногу време заедно“, додаде тој.
По завршувањето на средното училиште, Ели почнал да работи во локалниот селски клуб како асистент на готвач - со намера да го научи занаетот и еден ден да стане готвач во ресторан.
„Моите смени траеја од 13 до 22 часа, додека мојата вереница имаше конвенционално работно време. Тоа значи дека не ја гледав премногу, но барем сите утра ги поминав со Лука. Многу се забавувавме", продолжи.
Меѓутоа, во 2020 година, две години по дипломирањето и неговата прва работа, тој одлучил да даде отказ бидејќи повеќе не се гледал себеси на работа каде што морал да работи секој викенд и многу доцни смени.
„Во периодот од мојот живот што следеше, заработував и губев илјадници долари на ден на берзата и возев камион за испорака. Единствената константа во мојот живот секогаш беше времето што го поминував со Лука и мојата свршеница. Конечно, во Октомври 2021 година, за прв пат се вселивме во нашиот стан и тие две и пол години, кои ги поминавме во него, го претставуваат најубавиот дел од мојот живот - иако почнавме со многу малку пари“, се сеќава тој.
Во меѓувреме, Лука пораснал, тргнал во градинка, но Ели со задоволство се сеќава на сите заеднички вечери, играње друштвени игри и нивните ноќни прошетки.
Во октомври следната година, овој амбициозен дечко и татко нашол постојана работа во компанија која се занимава со финансии и конечно можел да заштеди пари и да си дозволи себеси и на своето семејство патувања, патувања на натпревари - и уште еден наследник.
„Добивме уште едно момче во мај 2024 година. Тоа беше вистински благослов“, рече тој.
Напредувал во кариерата, но поважно му е што еден ден ќе биде добар пример за своите синови.
„Мојот тинејџерски период и раното детство на Лука беа сè само не обични. Но, тешко ми е да замислам поинакво сценарио. Не сум милионер, но на 24 години имаме куќа, две деца и сакаме да имаме повеќе. Исто така, се надевам дека и ние ќе патуваме што повеќе и ќе поминеме многу квалитетно време заедно“, рече гордиот тато Ели на крајот на својата исповед.
Фото: „Х“