Инфлуенсерката Несторовска на тема куче и бебе: Не е воопшто лесно, се гушнаа дури после една година

Добивај вести на Viber

Познатата инфлуенсерка Стефанија Несторовска која пред една година се оствари во улогата на мајка, реши да открие како по дома се снаоѓаат на тема куче и бебе

Имено таа напиша:

„Ова не се случува често, не ми се верува дека го фатив на камера . Не гушкањето него Хари што не избега. Агхххх… my heart.

бебе и куче. Storytelling time

Кога ја донесовме дома Анастасија за прв пат Хари не ја ни примети искрено . Фокусиран беше на мене зошто ме немаше видено 5 дена. Јас бев спремна за heart breaking момент каде се запознаваат за прв пат ама Хари не можеше да не се замара повеќе. Воопшто не ја приметуваше се до вечерта кога си рече: ох no, ова бебево дојде да не си оди . Освен што сакаше да ја душне и да и се приближи немаше некоја специјална реакција.

Љубомора имаше од негова страна и тоа многу. За среќа ја искажуваше само што се убутаваше секој пат кога ќе слушнеше дека и се обраќаме или и се обрнува внимание. Искрено… најтешкиот период. Закрепнување, бебе па и згора на тоа attention seeking dog беше малку исцрпувачки. Траеше некој 1 месец. И јас и Стефан пробувавме да му обрнеме максимално внимание во тој период на адаптација. Нови играчки, галење, treats и прошетки..

Таман Хари некако ја процесираше ситуацијата дојде периодот каде она почна да мрда и да го допира и тогаш веќе кучево бегаше од неа што подалеку.

Fast forward до денес (скоро една година) и мислам дека тек сега почнуваат да наоѓаат некој заеднички јазик. Анастасија е понежна со него, он е малку поопуштен и иако уште не си играат заедно дефинитивно е многу слатко што воопшто сакаат да си се во близина.

Имаше неколку ситуации каде што лае по луѓе што не ги познава, а и се приближуваат кога се шетаме. Не знам дали е заштитнички спрема мене или спрема неа ама мислам дека е баш слатко.

Хари е куче што сака екстремно многу внимание. Ама екстремно. Не е најпаметното кученце (жив и здрав да ни е) ама има еден тон љубов во него. За него беше огромна промена ова и само тие што имаат куче знаат колку тешко паѓа кога не можеш да му обрнеш 100% од вниманието како претходно. Ама… се трудиме и го вклучуваме во сите активности.

Не е лесно да излезеш со нив двајца надвор да шеташ. Едното влече, тегне, душка, другото со кратки нерви и без воља за возење во количка ама еве сме 1 година подоцна Анастасија ќе го гушне, Хари НЕМА да избега и ќе ти се стопли душата.“

View this post on Instagram

A post shared by Stefanija Nestorovska (@snestorovskaa)