Иновативна, забавна, оптимистична: Главни карактеристики на жената ВОДОЛИЈА - ТАА во сите аспекти на животот
Стил
Не ги следи трендовите, згора на тоа, сака да носи сосема спротивно од она што е „ин“, па во сезоната кога сите носат мини здолништа, жената Водолија ќе ја препознаете по тоа што носи макси здолниште. Смела и храбра, таа сака да привлекува внимание и шокира со својот еклектичен и разновиден моден стил.
Еден ден ќе има светло розева коса и ќе носи ексцентричен накит како пирсинг на лицето, а следниот ден ќе биде облечена во сериозен деловен костум и косата повторно ќе и биде во нормална боја. На неа, дури и навидум некомпатибилните парчиња се добра комбинација, како фина свилена блуза во комбинација со кратки панталони. Во нејзината гардероба секогаш ќе има авангардна облека, а фризурите кои ги претпочита често се шик и неконвенционални - во однос на начинот на кој ја потстрижува косата.
Најмногу и прилегаат светли и весели бои како тегет, тиркизна, светло розова и смарагдно зелена боја. Убавината без суровост е нејзината мисла водилка при купувањето козметика, поради што избира брендови кои не тестираат на животни, а често знае и самата да направи природни козметички производи.