ИНТЕРВЈУ- БИЛЈАНА МАКСИМОВСКА: Дома зборуваме на четири јазици

Добивај вести на Viber

Со Арно сме заедно од 2010 година, тој е балканизиран холанѓанец, се занимава со дипломатија и политика на Балканов, за музика, култура и политика на Балканот знае најмногу од сите нас :-) Токму заради неговата работа дојдовме во Косово.  Дома зборуваме македонски,  холандски,  српско- хрватски, англиски. Од страна да не сретнеш по улица, тотално ќе се збуниш кои сме и што зборуваме. 

Иако поминаа многу години, се уште ја врзуваат со прекарот „Биби 99“, по емисијата „99 Акција“, која ја водеше со Миа Костова и со Мартин Трпчевски. Нејзин последен ТВ ангажман е „Брза кујна“ на Сител ТВ, по што се пресели од Скопје и со семејството отиде да живее на Косово. Од 2010 година, таа е вљубена во холандскиот диполмат Арно, нејзиниот сегашен сопруг. Најголемата гордост на Билјана и на Арно петгодишната ќерка Аделин,за која Билјана вели дека зборува три јазици.  Харизматичната водителка,  сподели дел од своето секојдневие во новата средина за Женски магазин.


*Каде точно живеете во Косово, по кој пoвод сте таму, се навикна ли на животот надвор од Скопје?

- Живееме на 10 километри од Приштина, практично во Косово поле, во една резиденцијална населба меѓу повеќе села. Јас си го викам, "наше село", потсетува на холандска населба со типизирани куќи и улици со игралишта за деца. Воздухот е чист, а тоа ми е приоритет за нас по Скопје. Се навикнав, вистинска очајна домаќинка сум станала, домот, семејството, пријателите, се разбира и соседите кои се дел од екс-пат начинот на живот. Кога немаш роднини, имаш пријатели и соседи кои ти се блиски и си помагате едни со други. Напорно е да бидеш оддалечен од фамилијата, но еден друг дел од себе се развива во нас, независност и успеваш некако да му дадеш повеќе ефикасност и ефективност на животот, со што си посреќен. Со Арно сме заедно од 2010 година, тој е балканизиран холанѓанец, се занимава со дипломатија и политика на Балканов, за музика, култура и политика на Балканот знае најмногу од сите нас :-) Токму заради неговата работа дојдовме во Косово.  Дома зборуваме македонски,  холандски,  српско- хрватски, англиски. Од страна да не сретнеш по улица, тотално ќе се збуниш кои сме и што зборуваме. 

* Колку години има сега Аделин, какво дете е,за што е талентирана?

- Ќерка ми скоро полни 5, на крај на јуни. Аделин сака да чита, зборува 3 јазици, македонски со мене, холандски со татко и, англиски во предшколска група во училиште и со другарките, уште два други слуша нон-стоп околу нејзе, албански и српски јазик, пројавува интерес за секој јазик, и нормално кога разбираш јазици, природно се лепат еден по друг. Тоа и од себе го знам, кај неа тоа е уште повеќе изразено. Некогаш ги меша во зависност од тематиката, но брзо се поправа. Се разбира крушата под круша паѓа, музика по дома има нон стоп, сите сме по пеењето, играњето, па таа пее, игра балет, глуми.

Аделин сака да чита, зборува 3 јазици, македонски со мене, холандски со татко и, англиски во предшколска група во училиште и со другарките, уште два други слуша нон-стоп околу нејзе.- Билјана со ќерката 


* Ти недостасува ли работата на Тв?

- Да, ми фали ангажман генерално, телевизијата ми е омилена како активност, но не ми недостасува стресот и политиката што ја водат некои медиуми.

*Гледачите уште те паметат како Биби од "99 акција", емисија која ја водевте со Миа Костова и со Мартин Трпчевски. Кои ти се најубавите сеќавања од тоа време?

- Да, повозрасните, младиве не знаат кои сме. Бевме слободни, бевме заштитени, имавме поддршка и среќа да работиме во едно друго време, кога имаше повеќе иницијатива од продукциите,  спонзорите и  телевизиите. Се вложуваа пари во убави и поучни проекти за младите и за децата. Сега тоа се проекти кои се бројат на два прста. Медиуми удавени во турски серии, стари филмови, ниско калорични емисиичиња без големи цели, политиката е број еден, информација за социјалниот живот и култура има по утринските емисии и толку.  Додуша, не сум сега во Македонија но следам постојано. Се испаркирале сите на фејсбук и на инстаграм, ко да ќе им избега нешто. Времето се менува а ние некако не се менуваме со тенденциите. Исклучоци, се разбира има, најмногу во информативната програма и тоа е ОК. Растевме во поентузијастичка средина, јас сум уште ентузијаст! 


*Позната си како личност која гласно зборува за она што ти пречи во нашето општество. Што ти недостасува од она што е убаво во Скопје, а што не ти недостасува ?

- Не сум толку гласна колку што би можела да бидам, некако се научив да си го гледам својот двор и да си бркам работа.  А и сега немам таков ангажман за да се заложувам за поголеми идеологии, веројатно ќе дојдам и до тој момент, се штедам додека не дојде нешто конкретно. 

Во Скопје ми фали воздух! Чист град, ред по улици, сакам Дебар маало да стане пешачка зона и моите сограѓани да почнат да пешачат или возат велосипед наместо да се возат во автомобили! Така и диетите нема да им бидат потребни.

*Како ти поминува еден обичен ден?

- Средувам дом, дете, себе, пазарам, одам на пилатес ,се среќавам со моите пријатели и активна сум во Интернационалниот клуб на жени во Приштина, каде што сум претседател.  Организираме настани со хуманитарни цели, се дружиме, шетаме по Косово, Албанија ,  Македонија.  Воедно, прилично успешно ја промовирам и нашава држава преку храна, вино, музика и организирање патувања кај нас.Секојдневно готвам, организирам активности за деца. Навечер читам, гледам филм и рано легнувам.  Секако, активна сум со моите пријателки од „Очајна домаќинка“,  една социјална група која ја создадов пред 3 и повеќе години а е супер активна група, за правата, потребите и намерите на многу млади жени во општеството. Собрани сме една група на жени-ѕверки и нема НЕ за нас. Планираме да се активираме повеќе и јавно. Но, за тоа потоа.

Се среќавам со моите пријатели и активна сум во Интернационалниот клуб на жени во Приштина, каде што сум претседател 


* Посакуваш ли да им се вратиш на Тв камерите, и имаш ли во главата концепт, со каков проект би било тоа?

- Сакам да, имам концепти колку сакаш. Мислам дека треба да почнам и доаѓа ново професионално поглавје, што веројатно ќе дојде по повеќегодишно искуство во медиуми и ПР, но сега имам друг приоритет, семејството!

Милица Џаровска