ИНТЕРВЈУ- ЛОРИ ЛИ од САД се образува во „Нова“: Ми се допаѓа блискоста помеѓу учителите и учениците
Скопје е прекрасен град за млади луѓе особено во делот на социјалниот живот. Во Мисури, од каде што доаѓам, не живеам во град така што има неколку опции за младите луѓе кои сакаат да излезат и социјалниот живот е комплетно поинаков. Навистина уживав истражувајќи ја Македонија и живеејќи на место кое е многу порелаксирано и слободно од она на кое сум навикната во САД
Laurie Lee е девојка од Соединетите Американски Држави која е „трансфер“ ученик во гимназијата „Нова“ во Македонија.
За Женски Магазин, амбициозната Лори раскажува за своето искуство во Македонија како и за образовниот процес во „Нова“.
Имено таа е примена на престижниот Washington and Lee University, каде имаат дипломирано добитници на Пулицерова награда, американски сенатори, добитници на престижната театарска награда „Тони“, како и на наградите „Еми“.
* Како би се опишале себе си во една реченица?
- Човек кој знае да сака, но и човек кој е борец.
* Дали може да ни кажете нешто повеќе околу вашите студии на престижниот „Washington and Lee University“, што ќе студирате, каков беше процецот на аплицирање?
- Се уште се немам одлучено кој ќе биде фокусот на моите студиите
на „Washington and Lee“, но со оглед дека
станува збор за колеџ за либерални уметности, нивниот фокус е холистичкиот
пристап во образованието поради што имам малку повеќе време да одлучам кој ќе
ми биде главниот предмет. Кога аплицирав морав да поминам интервју и да
присуствувам на викенд исполнет со интервјуа на самиот кампус. Имав среќа затоа
што ми се овозможи да го посетам училиштето, да присуствувам на некои предавања
и да добијам појасна слика за „Washington and Lee“ што многу ми помогна во
одлуката. Ми се допадна дека на часовите нема огромен број на студенти и
задоволна бев од животот на кампусот во „Washington and Lee“ така што, за мене,
изборот беше лесен.
Тука често со часови во кафуле се релаксирам заедно со пријателите
* Што ве натера да дојдете во Македонија и да се образувате во Нова?
- Дел сум од програма за размена, преку американскиот „Стејт департмент“, која се вика „YES Abroad“ и во чии рамки се испраќаат околу 60 американски средношколци во други земји за да се поттикне разбирањето и вклученоста во други култури. Исто така има и уште поголема програма наречена „YES програма“ и се праќаат ученици од други земји (меѓу кои и Македонија) во САД на една училишна година.
* Која е разликата во животот и образованието во САД и Македонија?
- Скопје е прекрасен град за млади луѓе особено во делот на социјалниот живот. Во Мисури, од каде што доаѓам, не живеам во град така што има неколку опции за младите луѓе кои сакаат да излезат и социјалниот живот е комплетно поинаков. Навистина уживав истражувајќи ја Македонија и живеејќи на место кое е многу порелаксирано и слободно од она на кое сум навикната во САД. Дополнително, „Нова“ е помала од моето училиште во САД каде што имаше 1800 ученици. Навистина ми се допаѓа блискоста помеѓу учителите и учениците и фактот дека сите сакаат да помогнат.
Навистина уживав истражувајќи ја Македонија и живеејќи на место кое е многу порелаксирано и слободно од она на кое сум навикната во САД
* Што најмногу ви се допаѓа во Македонија?
- Ми се допаѓа кафе-културата. Кога сум дома невообичаено е да седнеме и да пиеме кафе подолг временски период, но тука често со часови во кафуле се релаксирам заедно со пријателите.
* Како се гледате себе си за 10 години?
- Пред 10 години никогаш немаше да очекувам да бидам во Македонија, така што не можам да кажам дека имам очекувања за иднината освен да бидам отворена за нови авантури.
* Вашата омилена мисла за успех?
- „Споредувањето е крадец на радоста“.
Даница Караташова