ИНТЕРВЈУ- СВЕТА БОГОВА-ЈОВАНОВСКА (МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ): Јавно и гласно зборуваме за проблемите во нашиот свет

Добивај вести на Viber

За организаторката на „Моден викенд Скопје“,и сопственик на модната агенција „Подиум“, Света Богова-Јовановска велат дека е онаа која ја диктира модата кај нас. Скромна и исклучително професионална и посветена, Света, своето искуство како моден менаџер и како моден новинар од родната Русија, ја пренесува кај нас. Од 30 март започнува пролетниот, 17. по ред моден викенд во Скопје, кој и традиционално, освен убави ревии ќе понуди и убава порака: „Што ја храни твојата имагинација“. За Женски магазин, Света одблизу ни раскажа за нејзината работа и живот.

Женски магазин- Најавивте одржување на пролетното издание на Моден викенд- Скопје од 30 март до 1 април. Каде ќе се одржува и што ќе понуди?

Света- Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје, ќе биде местото каде што ќе се одржи настанот. Со задоволство ќе речам дека покрај оние кои и претходно ги претставувале колекциите на нашиот настан, оваа сезона имаме нови талентирани имиња кои ќе донесат една свежа модна енергија на домашната сцена.

Ако сите се потрудиме барем малку, да се обидеме да го смениме светов на подобро, резултатите ќе станат многу видливи и сите ќе имаме поголема одговорност и свест кон нашиот свет со којшто сме секојдневно опкружени


Женски магазин- Од каде инспирацијата за годинешното мото „Што ја храни вашата твојата имагинација“? (What feeds your imagination?)

Света- Неколку месеци пред тоа, ја посетивме библиотеката и се инспириравме од атмосферата, од оригиналниот ретро ентериер, од книгите и од сончевите зраци во неа. Најдовме нешто ново, се инспириравме од нешто што веќе го познававме но долго време го немавме видено. Идејата беше да ја споделиме оваа инспирација со љубителите на модата, за да покажеме низ нашето дело неверојатно место во Скопје. „Што ја храни твојата имагинација?“ За нас тоа се: Читање, мирис на книгата,атмосфера … Едноставно колаж од различни фрагменти.


Женски магазин- Чија беше идејата манекенката Мануела Гочевска како најава за настанот да позира токму во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје? Која порака ја носи оваа фотосесија?

Света- Се на се, библиотеката ни беше првична и главна инспирација a потоа и манекенката. Модната агенција „Подиум“ имаше кастинг пред два месеци, на кој забележавме нова неверојатна девојка која премногу наликуваше на една позната актерка. Taa е со природна убавина, зрачи со интелектуална енергија и транспарентна живост - сите трендови на претстојната пролет. Мануела беше избрана да биде модел за сезоната СС18 во рок од неколку секунди.

Женски магазин- На есенскиот моден викенд се приклучивте кон кампањата Stop the traffik“ за борба против трговија со луѓе и илегална миграција. Успеавте ли да придонесете со оваа кампања?


Света- Ако сите се потрудиме барем малку, да се обидеме да го смениме светов на подобро, резултатите ќе станат многу видливи и сите ќе имаме поголема одговорност и свест кон нашиот свет со којшто сме секојдневно опкружени. FWSK ја има таа можност да зборуваат за ова гласно и јавно. Ние ќе продолжиме со нашите мали чекори кон подобра иднина.

Женски магазин- Може ли во Македонија да се успее на модната сцена и да се живее од неа?

Света- Веројатно e подобро да се зборува на оваа тема со модните дизајнери. Тие знаат подобро колку е тешко на овој начин и што е вистинската цена да се успее, да бидат задоволни и да бидат сакани од медиумите и од клиентите. Но, дефинитивно, знам дека ако сте талентирани, паметни, верувате во себе, имате поддршка од семејството и тимот - ќе го најдете вашиот дел и успех во индустријата. Им посакувам на сите наши креативци да бидат трпеливи

Идејата беше да ја споделиме оваа инспирација со љубителите на модата, за да покажеме низ нашето дело неверојатно место во Скопје. „Што ја храни твојата имагинација?“ За нас тоа се: Читање, мирис на книгата,атмосфера

Женски магазин- Освен ангажманите околу модниот викенд, што друго приватно ве окупира: семејство, пријатели, хоби?

Света- Според мене најважното нешто во животот е семејството. Среќа е и кога можеме да го најдеме вистинското на работа, меѓу пријателите или преку хоби.Многу сум среќна и горда што го најдов мојот тим – кој набргу стана како мое второ семејство. Сето тоа дава многу позитивна и добра енергија, и ме поддржува и мотивира да продолжам да создавам нови проекти и да поддржувам нови модни таленти.

За Женски магазин, Милица Џаровска