Интервју Елена Панова: Со Vip ова лето можете слободно да сурфате и во роаминг

Добивај вести на Viber

Со оваа понуда практично им овозможуваме на корисниците воопшто да не се грижат дека ќе добијат висока сметка за интернет во роаминг – сè што треба да направат е при изготвување на чек листата за пакување да не заборават задолжително да си додадат Активирање на роаминг пакет – за само 8 евра можат да си активираат пакет и слободно да користат интернет додека се на одмор, да споделуваат искуства и доживувања во реално време. Веќе нема потреба да бараат локално СИМ картички за интернет, па да носат дополнителни телефони –вели во интервју за Фактор Елена Панова, маркетинг директорка во Вип .

1.Неодамна ја лансиравте најновата понуда за безгрижно користеље дата роаминг. Може ли подетално да ни ја објасните оваа понуда?

Летниот одмор е време за опуштање – корисниците треба да заборават на секојдневието, да се посветат на уживање, “полнење на батериите” и целосно да се препуштат на задоволствата кои ги нуди дестинацијата која ја избрале.

Во пресрет на летната сезона кога голем број корисници заминуваат надвор од државата, со цел да одговориме на нивните потреби постојано да бидат онлајн, подготвивме понуда со која ќе може слободно да сурфаат и додека се во странство, а притоа она што е најважно – да не се грижат за трошоците за интернет во роаминг. Креиравме неколку пакети за роаминг интернет кои се валидни во 23 оператори во Европа – меѓу нив се оператори од сите најчесто посетувани земји во летниот период: Грција, Албанија, Шпанија, Италија, Хрватска, Бугарија, Турција, Малта, Кипар, како и во сите останати земји од Европа каде има оператори од А1 Телеком Австрија Групацијата (Србија, Словенија, Австрија, Белорусија, Лихтенштајн) и партнерската групација Vodafone. Пакетите се валидни за користење кога корисниците ќе се закачат на мрежа на некој од овие оператори.

Сите постпејд корисници на Vip може да активираат пакет од 2GB во роамингз а 499 денари. Она што е особено важно да се истакне е дека може да се активира преку СМС порака, нема потреба да се оди во салон, само со испраќање на СМС порака со текст START XLна 140999. Пакетот е валиден 30 дена од датумот на активација.

Важно е да напоменам дека сите нови постпејд корисници и сите корисници кои ќе го обноват својот договор во летниот период на тарифните модели Vip Neo L или Vip Neo XL ќе добијат промотивно во рамки на тарифата роаминг пакет за интернет од 2GB еднократно, кој може да го искористат најдоцна до крај на септември годинава.

Пакет од 2GB е сосема доволен за оние корисници кои сакаат постојано да бидат во контакт со своите најблиски, да ги споделуваат прекрасните летни доживувања во истиот момент, без барање wi-fi или без да се чекаат додека се вратат во местото каде престојуваат. Сепак, корисниците кои имаат поголеми потреби за интернет, секако имаат можност повторно да си го активираат истиот или друг пакет кој одговара на нивните потреби.

2.Ако досега во јавноста имаше мислење дека треба пред излегување од земјата да се исклучи интернет, дали тоа сега се менува?

Апсолутно, со оваа понуда практично им овозможуваме на корисниците воопшто да не се грижат дека ќе добијат висока сметка за интернет во роаминг – сè што треба да направат е при изготвување на чек листата за пакување да не заборават задолжително да си додадат Активирање на роаминг пакет – за само 8 евра можат да си активираат пакет и слободно да користат интернет додека се на одмор, да споделуваат искуства и доживувања во реално време. Веќе нема потреба да бараат локално СИМ картички за интернет, па да носат дополнителни телефони – овој пакет е со конкурентна цена во однос на локалните СИМ картички за интернет во најголем дел од земјите вклучени во овие пакети.

Целото интервју читајте го на Фактор портал, овде.