ИНТЕРВЈУ Љубица Атанасова: Со Ла Дама градиме love brand во Македонија
Ла Дама е создадена за чувството на удобност, елегантност и привлечност на секоја жена и тоа е нашата најголема вредност. Ла Дама се направени согласно пропорциите на македонските жени и имаат специјални додатоци за да обезбедат удобност и сигурност кај сите жени независно од големината и обликот. Позитивна карактеристика на Ла Дама е тоа што инспирира, мотивира и поттикнува, влијае врз девојките, жените, сите дами да се „облечат“ во најдоброто од себе и да чекорат со шарм и самодоверба. Ла Дама ве прави тоа што сакате да бидете, а тоа е најголемата вредност што еден бренд може да ја поседува
Женски магазин: Едноставно, што е Ла Дама?
Љубица Атанасова: Ла Дама е чувство за себе, самосвесност, стил, храброст, дрскост и пркос на сите стереотипи. Ла Дама е жената што знае што сака и знае како да се истакне, како да ја надгради сопствената маркантност, уникатноста што секоја жена исконски ја носи во себе. Ла Дама е сето она што една жена треба да претставува и што се очекува од неа да биде, луцидна девојка, нежна и грижлива мајка и сопруга, одговорен професионалец, ведра пријателка. Ла Дама е супер жена и дама.
Женски магазин: Колку од Љубица стои позади брендот Ла Дама?
Љубица Атанасова: (се смее) Љубица не стои сама позади брендот Ла Дама. Суштински позади Ла Дама стои македонската жена, затоа што производот е креиран согласно пропорциите на женската популација која што живее на оваа поднебје. Додека пак, од бизнис аспект зад брендот стои едно четиричлено семејство со претприемачки дух коешто е комплетно посветено на креирање македонски производ. Секако, најголемата заслуга и припаѓа на мојата мајка која што во далечната 1992 година реши да излезе од удобноста што ја нудеше државната работа и да започне сопствено производство на хулахопки во бизнис свет кој што целосно им припаѓаше на мажите. Таа е мојата Ла Дама.
Женски магазин: Што ја прави Ла Дама love brand?
Љубица Атанасова: Уф, многу работи. Што ја прави жената жена? Емоцијата. Истата таа емоција што прави да излезете на улица и занесно и самоуверено да зачекорите. Без разлика дали носите панталони, здолниште или фармерки, едноставно вие сте самоуверени, искрени и вие сте верни на сопствената индивидуалност. Секој пар Ла Дама добива значење кога го носи некоја жена и тоа зависи од енергијата, ставот и односот на жената.
Женски магазин: Најголемите предизвици? Во Струмица, во нашата држава, општо?
Љубица Атанасова: Во 1992 најголем предизвик беше жена да отвори производство во машки бизнис свет и тоа во земја која тукушто беше навлезена во период на транзиција. Потоа, голем предизвик беше да се осмисли производ создаден за македонските жени и истиот да се пласира на пазарот. Но, како најголем предизвик сметам беше да се добие довербата на дамите. Знаете, во тоа време немаше многу македонски производи, а посебно не хулахопки, па афирмацијата на непознат производ со македонско потекло (тешкотии при докажувањето дека производот навистина е произведен во Македонија и при надминување на врвните брендови што во тоа време се пласираа на нашиот пазар) беше доста отежнато. Ние се уште кај македонските потрошувачи градиме доверба во домашните производи, која што бара голема посветеност и индивидуална грижа. А денес, најголемиот предизвик ни е да направиме Ла Дама да биде што поблиску, буквално и метафорично до чувството на жената за себеси.
Женски магазин: Најголемите вредности на Ла Дама се?
Љубица Атанасова: Ла Дама е создадена за чувството на удобност, елегантност и привлечност на секоја жена и тоа е нашата најголема вредност. Ла Дама се направени согласно пропорциите на македонските жени и имаат специјални додатоци за да обезбедат удобност и сигурност кај сите жени независно од големината и обликот. Позитивна карактеристика на Ла Дама е тоа што инспирира, мотивира и поттикнува, влијае врз девојките, жените, сите дами да се „облечат“ во најдоброто од себе и да чекорат со шарм и самодоверба. Ла Дама ве прави тоа што сакате да бидете, а тоа е најголемата вредност што еден бренд може да ја поседува.
Женски магазин: Каде се гледа Ла Дама себе си за 3 години? А каде за 10?
Љубица Атанасова: За три години на нозете на поголем број македонски жени и во чантата како неопходност што секоја жена мора секогаш да ја има со себе (J). Уште, со барем двојно зголемување на продажните места, а за 10 години од сега се гледаме барем со 10 Ла Дама продавници во Македонија (се смее), со зголемено портфолио на производи т.е. со многу поголем број нови производи. За десет години ги гледам Ла Дама како ги разубавуваат нозете и на голем број жени од соседните земји или подобро кажано foreign Ла Дами.
Женски магазин: Која порака сакаме да ја пренесеме до нашата целна публика?
Љубица Атанасова: Верувајте во себе, верувајте во Ла Дама, затоа што Ла Дама хулахопките се вашата најверна пријателка и се секогаш достапни за вас.