Интервју со 2Бона: Младите храбро да зачекорат кон своите сништа
#ChatBeforeYouJudge (#Зборнетепреддасудите) е новата комуникациска платформа на NESCAFÉ 3in1 во која популарното музичко дуо 2Bona се партнери на брендот во Македонија. Соработката на брендот и дуото ќе ги охрабри младите да ги споделат своите таленти, а членовите на бендот ги покануваат сите млади да им ги испратат своите видеа.
*Доживеавте ѕвездени бројки на прегледи на онлајн музичките канали, станавте регионални ѕвезди. Како почна вашата приказна?
2Бона: Нашата приказна започна пред 11 години. Спонтано влеговме во музичкиот свет, па од тогаш до ден денес неуморно работиме секојдневно. Знаевме дека тоа ќе се исплати еден ден.
*На млади години сепак е тешко да соопштиш и дома и наоколу дека не само што ќе се занимаваш со музика туку и планираш да живееш од музика. Има ли некој рецепт, што се е потребно за да младите да го најдат своето место на големата сцена?
2Бона: Тешко е да соопштиш на тие години дека твојот избор е музика и дека планираш да живееш од тоа. Особено со ваков стил на музика за кој се определивме ние, во држава во која не е развиен шоу-бизнисот. Нема рецепт, едноставно треба да го сакаш тоа што го раотиш и го правиш, да не размислуваш на пари додека не дојдат тие самите.
*Со популарноста се зголеми и вашата oдговорност кон публиката, имате голем број следбеници особено кај помладите тинејџери. Што ќе ги советувате младите, како да се изборат за место во областа во која се стремат да успеат?
2Бона: Свесни сме дека одговорноста е голема. Но, младите не треба да се плашат и да се срамат од тоа што сакаат да бидат. Треба да бидат храбри и да зачекорат кон остварување на своите соништа.
*Живееме во средина на која и се блиски стереотипи и предрасуди, а вие токму во кампањата што ја спроведувате со NESCAFÉ 3in1 се борите против тие стереотипи. Велите дека е потребно да направиш муабет пред да судиш. Што значи тоа?
2Бона: Да, ние сме токму пример за тоа. Сите мислеа дека сме успеале со парите на мама и на тато, а никој не ја знае целата позадина на нашиот успех. Таа вклучува и падови кои сме ги доживеале..
*За да се победат предрасудите е потребна и храброст и поддршка од околината, па како вие се справивте со ова прашање. Има ли некој проверен пат или младите сами, зависно од ситуацијата треба да се охрабрат, да веруваат во себе и своите можности и да го пробијат својот пат?
2Бона: Ако сме успеале ние да направиме нешто, тогаш може секој. Сите сме од крв и месо. Нашето влијание врз младите го користиме да ги охрабриме исто како и некој друг што го направил тоа истото за нас кога ни било потребно.