ИНТЕРВЈУ СО АКТЕРОТ АДРИАН АЗИРИ ОД СЕРИЈАТА „ПРЕСПАВ“: Наим е снаодлив лик со јазична мана
Наим, генерално е универзален, снаодлив во секаква ситуација, учтив и образован, но со јазична мана којашто цело време ја контролира мешајќи српско-хрватски и македонски. Животното искуство со разни контакти низ целиот Балкан но и пошироко, секогаш му биле при помош, затоа и често ги извлекуваше од неволји бизнис партнерите Миле, Коста и Тони.
На венчавката имавме стенд ап шоу на сцена, актери:Нермине Зимери и Адриан Азири.- со сопругата
На пошироката публика и е познат како Наим, партнерот на браќата Бузалевски во пансионот „Преспав“, од популарната серија чија втора сезона штотуку заврши. Адриан Азири е познат актер од тетовскиот театар со интернационален успех, најгорд на улогата на Елтон од филмот „Едуарт“. Омилен кај гледачите на „Преспав“ поради неговиот уникатен македонско-српско-хрватски јазик, заразното смеење и скриените симпатии кон фрау Ула (Тијана Дапчевиќ), сопругата на неговиот партнер Коста (Игор Ангелов). Со актерот Азири зборувавме за „Преспав“, театарот, неговиот локал во Тетово кој го уредил по свој мерак, и за уникатната венчавка со сопругата Нермине Зимери, која се одржала на три локации.
Кога ја добив улогата, почувствував дека нешто големо ќе се случи и тоа од разни причини. - Адриан како Наим со Јелена ЈовановаЖенски магазин- Кога ја добивте улогата на Наим и почнавте да ја играте, дали очекувавте дека ќе доживее толкава популарност?
Адриан- Кога ја добив улогата, почувствував дека нешто големо ќе се случи и тоа од разни причини. Основната причина е дека веќе имав слушнато и видено за успесите и професионалноста на ОХО продукција. Знаев дека се вклучив во екипа каде што актер може да се чувствува професионално и уметнички привилегиран.
Наим и Улав во некои епизоди покажуваат „искри“ на афера.- Адриан со Тијана ДапчевиќЖенски магазин- Каков лик е Наим, како се снајдовте во неговата кожа?
Адриан- Наим, генерално е универзален, снаодлив во секаква ситуација, учтив и образован, но со јазична мана којашто цело време ја контролира мешајќи српско-хрватски и македонски. Животното искуство со разни контакти низ целиот Балкан но и пошироко, секогаш му биле при помош, затоа и често ги извлекуваше од неволји бизнис партнерите Миле, Коста и Тони.
Знам несвесно да се насмеам заразно како Наим.- Адриан со инспектор Томе (Горан Стојановски) и со Ула Бузалевска (Тијана Дапчевиќ)Женски магазин- Што мислите, ако има трета сезона, дали Наим ќе успее да се зближи со неговата симпатија, фрау Ула?
Адриан- Дали ќе успее да се зближи повеќе со Ула не би сакал да предвидам пред време, иако во некои епизоди веќе сте забележале дека и двајцата покажуваат „искри“ на афера.
Караоке во „Преспав“ со хит на Маријана и РосанаЖенски магазин- Она заразно смеење е најзабавната карактеристика на Наим. Дали и приватно така се смеете?
Адриан- Не, меѓутоа, некогаш несвесно забегувам со тој вид на смеа и во тој момент чувствувам реакции од друштвото, мислејќи дека глумам…
Женски магазин- Одлично се снаоѓате во комедијата, дали организирате и ваше стенд ап шоу?
Адриан- До сега не сум имал можност да организирам стенд ап поради многу причини, но основната е тоа дека тој вид на шоу според мене е деликатен жанр и треба да се биде многу прецизен. Стенд ап шоу не е само кажување виц.
Женски магазин- На која ваша друга улога и интернационален успех сте најгорд?
Адриан- Има повеќе улоги на кои сум горд, но сепак би ја одвоил улогата на Елтон во филмот EDUART.
Женски магазин- Вие сте актер во тетовскиот театар, кои актуелни улоги ги играте таму и што ново подготвувате?
Адриан- За жал, во тетовскиот театар веќе 3 години имаме спор со репертоарот. Се надевам дека 2018 година нема да биде повторување на претходните 3 години. Наскоро ја очекуваме првата премиера за оваа година.
Женски магазин- Сопственик сте на кафулето „Ќош“ во Тетово, локал кој е уникатно декориран. Кажете ми нешто повеќе за тоа како го уредувавте локалот и што друго ви е интимно најдраго во тоа место?
Адриан- Да, генезата на локалот е од 2004 година но во различни локации.Сега сум во центарот на град Тетово повеќе од 14 месеци и за разлика од другите локации, последната просторија ја зедов готова со моја мала интервенција, библиотека и сталажи за цедеа, кои се водат и како заштитен знак на кафулето.
Женски магазин- Изјавивте дека свирите хармоника, а во караокето на Преспав ве слушнавме и како пеете. Дали имате време да и се посветите на хармониката и каква музика сакате да слушате?
Адриан- Свирам хармоника, но последните години не сум многу активен поради многуте обврски. Имам завршено основно музичко.Пеењето ми е од татко ми генетски. За музиката која ја слушам: Miles Davis, John Coltrane, Erika Stucky, Aziza Mustafa Zadeh, Susheela Raman, Renaud Garcia Fons, Ross Daily, Jane Birkin…
Женски магазин- На вашиот фејсбук-профил објавивте слика од венчавката со вашата сопруга Нермине, на театарска сцена. Има ли интересна приказна која е врзана за тој настан а би сакале да ја споделите со нас?
Адриан- Венчавката решив да биде многу поинаква од стандардните, можам во кратки точки да ви опишам неколку карактеристики. Настанот се одвиваше на 3 локации:
Пречек на гостите со аперитив во бифето на театарот во Тетово (250 гости) проследена со староградски албански песни.
Отворен простор (ресторан АРМ) до театарот, продолжување со бендот од Косово по театарската изведба до 00:15 по полноќ, а потоа проследи десертот на сето ова случување, групата ФОЛТИН од Битола (иако ми се пријатели, им дадов малку пари), хахаха.
Стенд ап шоу на сцена, актери: Нермине Зимери и Адриан Азири, каде што гостите од бифето, секој со влезница и реден број се преместија во театарските седишта.
За Женски магазин, Милица Џаровска