ИНТЕРВЈУ СО Д-Р. БУХОВА: Има вработени кои 15 месеци не се појавиле на работа, на секои две недели менуваат дијагнози
Д-р. Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во интервју за Фактор открива дека во голем број институции има вработени кои со месеци наназад користат боледувања, а при тоа на секои две недели менуваат дијагнози. Во Интервјуто говори и за други актуелни прашања како што се поплаките на семејствата дека не може да добијат информација од ковид центрите за здравствената состојба на свој близок како и за вонредните инспекциски надзори во клиничките болници во Битола и во Штип. Во однос на издавањето на решенија за изолација, директорката Бухова вели дека додека во претходниот период се соочуваа со проблеми од типот давање погрешни адреси или погрешни телефонски броеви, сега имаат друг многу посериозен проблем, а тоа е огромен број новозаразени, а минимален број контакти.
Едно од актуелните прашања во последно време е како семејствата може да добијат информација за здравствената состојба на свој близок кој е хоспитализиран во некој од ковид центрите, имаат поплаки дека тешко стигнуваат до информација. Дали Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува во однос на вакви поплаки?
Д-р Бухова: Постапувајќи по дојава, ДСЗИ спроведе вонредни инспекции во 19 ЈЗУ, кои во моментот згрижуваат пациентите со Сарс КоВ2-позитивни. Притоа, водени од Законот за заштита на правата на пациентите регулирани во:
Членот 7, членот 11, членот 25 и членот 33, од надзорите, особено почитувјќи го правото на информираност и правото на доверливост во врска со здравствената состојба на пациентите, ДСЗИ заклучи дека во 19 ЈЗУ во кои се извршени инспекциите, имаат организиран начин за информирање на потесното семејство на хоспитализираните пациенти.. Информации за состојбата на пациентите може да дава само лекар. Во сите институции има телефонски броеви на кои во одреден период од денот (точно одредено време), најблиското семејство може да добие информација за нивниот член во болница.ДСЗИ има официјални, пишани документи од инспекторираните правни субјекти. Во однос на контролните прегледи на пациенти позитивни на Сарс Ков 2, кои со решение на ДСЗИ, се на домашно лекување и во самоизолација, тие, во случај на влошување на нивната состојба, по консултација со матичниот лекар, според важечкиот протокол, можат да бидат упатени на дополнителни прегледи: (лабораторија, ЕКГ, рентген на белите дробови), во тријажните центри или амбулантите во инфективни одделенија за консултација или неопходна хоспитализација. Движењето на позитивни пациенти преку други ПЗУ иЈЗУ може да предизвика ширење на вирусот меѓу другите пациенти кои во моментот се негативни и се лекуваат од друга патологија.
Дел од вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ беа и во двете клинички болници, едната во Штип, другата во Битола откако во јавноста беа обелоденети информации за несоодветно лекување на пациентка, како и исклучително лоши услови на самата здравствена институција. Што утврдија инспекторите?
Д-р. Бухова: Во врска со двата последни актуелни настани, ДСЗИ спроведе два вонредни инспекциски надзори. Во Клиничка болница Штип, надзорот заврши за 48 часа, при што се ностатираше дека во моментот на надзорот за хоспитализираните пациенти се гришат по две екипи во 12-часа сменска работа составени од тројца доктори, од кои едниот е задолжително инфектолог, а двајца од други специјалности кои ротираат и по четири медицински сестри од кои најмалку две до три потекнуваат од матичното инфективно одделение. Констатирано е и следното. Да, постои број на телефон со кои пациентите контактираат со персоналот кој е дежурен. Во однос на кислородна потреба и поддршка при инсопекцискиот надзор се констатираше дека на дневна основа потрошувашката е 30 до 40 боци, кои во тој период им се доволни за потребите на хоспитализираните пациенти. Во однос на евентуалните пропусти или не, ДСЗИ иницираше вонреден стручен надзор при Министерството за здравство. Да појаснам, што би требало, односно на кој прашање ќе даде одговор вонредниот стручен надзор на кој не може да даде вонредниот инспекциски надзор. Вонредниот стручен надзор е мултидисциплинарна Комисија составена секој пат од повеќе специјалист. Бидејќи се работи за ковид-пациенти, задолжително во таа Комисија би требало да има инфектолог, пулмолог или интернист, анестезиолог трансфузиолог, гинеколог или педијатар ако се работи за дете и по можност епидемиолог. Во тој стручен надзор ќе се опфати целокупната стручна постапка на лекување и постапување со одреден пациент. Значи овде, во стручниот надзор влегува и организациската поставеност на работата на одредена болница. Затоа ДСЗИ не излезе со свој заклучок, бидејќи, од аспект на законите кои ги инпсекторира ДСЗИ немаше причина во овој момент да се изречат санкции за Клиничката болница Штип. Но, случајот не е завршен и како што ви кажав, веднаш по 48 часа е предаден во министерство за здравство.
Значи дополнително ќе се утврдува случајот во кој ќерката на починатата пациентка излезе со објавите во социјалните мрежи дека нејзината мајка не добила кислородна поддршка, а упорно барала на телефонскиот број преку кој пациентите комуницираат со медицинскиот персонал?
Д-р. Бухова: Да, тоа е така.
Инаку, надзорот во Клиничката болница Битола е завршен за 24 часа. Случката која беше објавена исто така на социјалните мрежи е на 23. ноември, во попладневните часови, точно во 16. 30. Се Случува во тријажниот центар во Ковид-оделението во битолската болница каде што примаат терапија и се примаат на преглед и лекување пациенти суспектни на Ковид-19. Во моментот кога еден пациент кој бил на омашно лекување, а го чека резултатот од тестот, затоа велиме суспектен на вирусот, прима терапија, со возило на Итна медицинска помош, во времеско растојание од 15 минути, носи двајца пациенти со кои немаат квид проблематика. Кај едниот е констатирн егзитус при самото вадење од возилот до креветот. Но, почитувајќи ги законските прописи мора да го примат, а другиот пациент е донесен во следните 1- до 15 минути. Значи, додека дежурните екипи реанимираат еден пациент, па втор пациент, се случуваат тие два егзитуса. Се се случува таму. Тоа е тријажен центар нема каде на друго место. ДСЗИ, постапувајќи по Законот за правата на пациентите и по Закон за здравствена заштита, издаде решение до директорката на болницата со кое и наложи таа да обезбеди соодветна просторија „Морга“ односно мртовечница, во која ќе биде доволна во сегашните прилики.
Целото интервју со директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирена Бухова, прочитајте го на Фактор.мк