Интервју со Д-р Лесли Самози: Програмата за стипендирање Борис Трајковски е извонредна животна можност за некој кој е подготвен да забрза до следното професионално ниво

Добивај вести на Viber

Д-р Самози е искусен говорник во областа на организациските промени и управување со промените. Тој е професор на Сити Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд и академски директор на Извршната МБА програма, како и основач на лабораторијата за стратешко управување со луѓе, член на Здружението на МБА (АМБА), и е редовен проценител на проекти финансирани од Европската унија. Лесли Самози има над 100 публикации во меѓународни академски магазини, за најразлични теми и истражувања направени во регионот на Југоисточна Европа.

Со д-р Самози разговараме за можностите што ги нуди Извршната МБА програма, како може да се рефлектира во професионалниот потенцијал и што значи за некој да стане стипендист на програмата Борис Трајковски.

 “Оваа програма за стипендирање ја гледам како извонредна можност во животот за некој кој е подготвен да забрза до следното професионално ниво и да биде подготвен да направи разлика. Фактот дека ова е седумнаесетта година од програмата за стипендии „Борис Трајковски“ и нејзините 300 плус студенти е сведоштво за Сити Колеџ и образованието што го обезбедува, соработката со институциите во земјата, дипломците и она што го остварија, како и континуираниот интерес што програмата за стипендии го генерира секоја година”, вели д-р Самози.

И оваа година, најдобрите и најамбициозните 20 студенти од земјата ќе добијат стипендија за Извршната МБА програма. Што им дава стипендијата како можност на студентите?

Оваа стипендија им дава можност на избрани кадри од најсилните и најкреативните менаџери во земјата да ги унапредат своите знаења и вештини за управување, на универзитет од светска класа, додека ги одржуваат тековните работни ангажмани и обврски. Покрај напредокот во образованието, студентите ќе имаат можност да се поврзат и координираат со истомисленици од цела Централна и Југоисточна Европа, како и да ги зајакнат нивните лични вештини за лидерство преку нашата индивидуална програма за тренинг и менторство. На многумина што се веќе дел од оваа програма, им е дадена можност да ги забрзаат своите кариери и доживотните амбиции.


Борис Трајковски стипендиите се доделуваат скоро 15 години, што точно значи овој факт за нашето општество и што покажува број на стипендии и досега издадени дипломи?

За секое општество, образованието отсекогаш се сметало како камен-темелник на активниот економски ангажман и тоа секако е случајот во нашиот регион. Нашата МБА програма значи дека некои од највлијателните луѓе, дел од нашата работна сила имаат можност да стекнат знаење од врвни едукатори од цела Европа, кои се обучени низ целиот свет и да го вратат тоа знаење во нивните компании во реално време. Она што го увидовме од дипломците на МБА програмата е дека тие, генерално, остануваат во земјата, започнуваат свои бизниси или пак напредуваат многу во нивните локални или мултинационални компании. Интересно, увидовме дека голем број од нив преземаат и улоги на обучувачи, предавачи и консултантски позиции во земјата и додаваат вредност во подигнување на едукативниот потенцијал, како резултат на нивното образование.


Што точно добиваат студентите од стипендијата Борис Трајковски и од оваа програма и што велат нивните искуства?

Сите наши студенти добиваат можност да го подобрат нивниот развој на меки и технички вештини преку нашиот холистички образовен пристап. Најпрво, секој добива врвно едукативно искуство од водечки предавачи и консултанти и можност да се специјализира во една од нашите шест области (менаџмент, маркетинг, финансии, логистика и управување со снабдувачки синџири, управување со човечки ресурси и управување со здравството). Студентите имаат повеќе можности за мрежно поврзување со професионалци од целиот регион, имаат можност да учествуваат на две студиски недели (во Шефилд и во Солун) каде се собираат нашите студенти од осумте наставни градови. Конечно, тие добиваат можност да работат со овластен стручен тренер за подобрување на нивното лидерство и развој на кариерата.

Повратните информации што ги имаме од студентите и дипломците се многу позитивни во врска со програмата и нивните искуства. Вредноста на МБА програмата не е само она што ќе го научите и знаењето што некој може да го апсорбира, туку и другите сродни активности, мрежното поврзување, приклучување кон и активација на здруженијата на дипломци. Студентите создаваат деловни активности и прават вистински разлики и достигнувања во земјата, низ целиот регион и пошироко.


Можете ли да образложите нешто повеќе за Извршната МБА програма и што нуди за студентите? Дали има типичен професионален карактер што се издвојува штом еднаш ќе дипломира на оваа програма?

Програмата им нуди на студентите различни можности за подобрување на практичните вештини, релевантни за денешниот деловен свет преку академско разбирање; нашиот холистички пристап се обидува да ги избалансира најдобрите искуства од двата света. Нашиот наставен кадар е академски силен и практично релевантен. Нашите студенти имаат можност да учат од водечки практичари и да се вклучат во дискусии и проекти со деловни лидери. Личниот тренер што го имаат со нив за време на две годишните студии континуирано придонесува кон подобрување на лидерските способности на студентите. Студиските недели им овозможуваат да се поврзат со своите колеги од другите наставни локации. Програмата помага да се создадат менаџери кои се флексибилни и подготвени за предизвиците на утрешниот ден, додека ги балансираат потребите од денес.

Каде може да ги најдеме дипломците откако ќе завршат? Колку е важно вмрежувањето со тренерите и колегите од оваа програма?

Нашите дипломирани студенти можете да ги најдете како напредуваат во својата кариера во национални и во мултинационални компании во земјата и регионот. Други ќе ги најдете низ целиот свет во потрага по неповторливи бизнис предизвици. Многумина започнаа нови бизниси и прават разлика во нивните заедници. Конечно, и до сега најмалку, ќе ги најдете на некои од важните владини позиции кои помагаат да се формираат нашите колективни иднини!

Според наше мислење, коучингот и вмрежувањето се делови од нашето програмско подрачје кои се клучни за ангажманот на студентите. Секој од нашите студенти има тренер за лидерство и лична кариера, кој работи со нив за да им помогне и да го интензивира професионалниот развој. Студентите кои се на предавања во Солун имаат можност редовно да комуницираат со околу 120 нивни колеги од различни региони. Кога студентот не може да присуствува на одредено предавање, може да се пријави за која било од нашите други локации со цел да не заостанува и пропушти дел од академската програма. Исто така, имаме и две студиски недели на кои студентите се среќаваат со повеќе од 200 колеги од оваа програма, а кои се од различни делови на светот, од повеќе од 20 држави. По дипломирањето, студентите стануваат дел од нашата мрежа на МБА дипломци која може да се пофали со скоро 2500 членови. Без мрежното поврзување, МБА програмата не би била на ова завидно ниво.


Можете ли да ги издвоите највредните придобивки што би ги добил еден студент откако ќе дипломира на Извршната МБА програма? Се одразува ли ова на компаниите, општата состојба во земјата, економскиот развој и социјалните придобивки.

Иако е тешко да се утврдат најголемите придобивки по завршување на МБА програмата, според мене е чувството на обновен успех и подготвеност за секој деловен предизвик што светот може да му го даде на некого. Нашиот свет е полн со предизвици, а посебно регионот во кој што живееме, е цел на огромни промени, многу повеќе од другите делови на Европа во последните 20 години. Нашите дипломци се подготвени за овие предизвици, да ја направат нашата земја и општеството подобро, поинклузивно место за секого.