Интервју со Иван Јованов: „Поминав низ многу искушенија, Ивана е свесна што има до себе, поддршката која ми ја дава ме охрабрува“
Како „бомба“ одекна веста дека фронтменот на Либеро бенд, пејачот Иван Јованов ќе стане татко. За следбениците но и оние кои подобро го познаваат ова беше голем позитивен шок особено за неговите обожавателки кои ги има во голем број на неговите настапи ширум земјата. Шпекулации имаше премногу, а „најгласни“ беа оние, дека пејачот тоа го направил за да и го возврати „ударот“ на поранешната долгогодишна девојка Антонија Гиговска која недамна доби син. Секако, Иван сето ова веднаш го демантираше, а ние, одлучивме да поразговараме на овие теми, за да ги дознаеме информациите од “прва рака“. Еве што ни одговори:
Ж.М. Без сомнение важиш за миленик на женската популација. Веста дека ќе станеш татко позитивно ги изненади речичи сите кои те познаваат. Дали мислиш дека новиот статус ќе го промени нешто?
Видете, многу поголеми ѕвезди од мене имаат сериозни врски или се во брак, па ништо не е променето во однос на нивната популарност, така сметам дека и јас не би бил исклучок.
Ж.М. Како се чуствуваш сега со оглед пред тебе е голема животна промена, очекуваш нешто што одамна си го посакувал, ќерка?
Во суштина ништо круцијално не е сменето во мојот живот. Јас и Ивана сме заедно повеќе од една година и го живееме темпото кое ми е наметнато поради мојата професија без никаков проблем.
Ж.М.
Велат дека твојата
девојка е многу кротка и убава личност, зошто јавноста нема прилика да ја
запознае, поточно зашто не сакаш да ја експонираш?
Животните искуства ме научија на тоа
дека убавите нешта не треба да се споделуваат со јавноста. Така и ќе продолжам,
ќе ја чувам мојата врска далеку од очите на јавноста колку што тоа е возможно.
Ж.М. Голема храброст е да се има партнер како тебе со оглед на професијата, ноќите поминати надвор од дома, голем број обожавателки...Како Ивана се снаоѓа во сето ова?
Таа е многу свесна за тоа и ме поддржува во сѐ. Веројатно нејзиното разбирање за она што го работам и поддршката која ја имам е она нешто што ме охрабрува.
Ж.М. Дали живеете заедно, или имате план да го направите тоа во
иднина?
Да, моментално живееме заедно, и секако дека имаме планови и во иднина да останеме заедно, но тоа се наши планови и секако се што е новитет кога ќе е соодветно време ќе го споделиме и со јавноста.
Ж.М. Помина доста искушенија во последниот период, некои се одразија и здравствено. Нема да навлегуваме во детали, дали сега се е во ред со твоето здравје?
Да, поминав низ многу здравствени искушенија, фала му на Господ сега сум добар и се надевам дека така ќе остане и во иднина. Мојата работа е таква, во задимени простории, настапи секој ден, така што тешко можам да кажам дека сум скроз реханилитиран, но се трудам да се заштитам колку е тоа можно.
Ж.М. На повидок е нова песна, оние малкумина што имаа чест да ја слушнат велат ќе направи бум. Не се сомневаме, во неа се зборува за љубовна приказна која е да речеме доста „болна“, дали таа е инспирирана од приватниот живот или има друга позадина?
За песната не сакам да најавувам ништо додека немам точни информации за видео записот. Аудиото е 80% готово. Очекувајте не...
Елеонора А.