Интервју Тања Делова: Неправилната изработка и тоа како може да им наштети на ноктите
Различни вкусови, бои, нови сезони...Колку Македонските дами посветуваат време на грижата на нокти, што е актуелно во поглед на маникирот и какви трендови се модерни оваа пролет и лето дознаваме од прва рака.
Во интервјуто со лиценцираниот меѓународен nail edukator и сопственичка на салонот Бјути Блондина, Тања Делова денеска ќе имате можност да дознаете што е во мода во поглед на ноктите, како да се грижите за истите, а посебни совети ќе им дадеме и на идните невести и матурантки.
Женски магазин-Нема дама која не сака да изгледа убаво, да биде облечена по последна мода, со уредна фризура а тука мислиме и на средени нокти.. колку Македонките посветуваат внимание на темата маникир?
Тања: Порано, посетата на маникир се сметаше за луксуз. Ретки беа оние кои редовно ги негуваа и им посветуваа внимание на ноктите. Последниве десетина години, уредувањето на ноктите на рацете стана секојдневие на современата жена, составен дел од целокупниот изглед. Препознатлив белег за негувана и модерна личност.
Женски магазин-Кажете ни ја приказната за вашите почетоци, кога се роди љубовта кон оваа професија-како почна се?
Тања: Моите почетоци датираат од моите средношколски денови. Кај мене отсекогаш доминирал уметнички дух. Со моите пријателки експериментирав и ги подготвував за разни прилики, најпрво со шминката и фризурите, за уште тогаш да разберам дека доколку и ноктите не се средени, изгледот не е комплетен. Всушност, ноктите и ми беа најголем предизвик, односно маникирот и надградбата на нокти. Во таа насока почнав да посетувам обуки, семинари и саеми најпрво во нашата земја, а потоа и во странство. Мојот талент доби и професионална потврда. Пред 15 години го отворив мојот салон Бјути Бјондина.
Женски магазин- Имајќи предвид дека палетата на бои е широка, а вкусовите различни кажете ни кои се трендовите за оваа пролет и претстојно лето?
Тања: Секоја боја искомбинирана и надополнета со соодветен дизајн може да изгледа трендовски во било кој временски период. Јас не ги делам боите на трендовски и сезонски, но ако морам да издвојам некаков тренд за овој период, би се задржала на пастелните и неон бои, искомбинирни со впечатлив дизајн.
Женски магазин- Што најмногу преферираат дамите во поглед на трендовите?
Тања: Дизајнот на маникир зависи од желбите на клиентот. Сепак, сo оглед на моето долгогодишно искуство и довербата што ја имаат стекнато моите клиентки, тие во целост се препуштаат во мои раце. Без никаков сомнеж знаат дека секогаш ноктите ќе им бидат униктни и во тренд.
Женски магазин- Колку посетата на разноразни саеми, семинари за убавина Ви помогна во надоградувањето на професионално ниво?
Тања: За секој кој професионлно се знимава со ова дејност, посетата на саеми, семинари и разни едукации е од исклучителна важност, бидејќи секогаш има нешто ново што може да се научи и да се надгради знаењето. Се разбира тука е и потребата постојано да се биде во тек со новитетите, новите материјали и техники на работа. Неодамна во Нови Сад се одржа меѓународна конференција за убавина, во организација на почитуваната г-ѓа Лесја Кариќ кралица во областа на маникирот и надградбата на нокти каде имав чест да бидам предавч за AIR BRUSH техника за декорација на нокти. Тоа беше исклучителна можност сопственото искуство да го споделам со колеги од регионот и пошироко. Во мај, на 12 - 13 претстои нов саем за козметика во Белград и таму ќе бидам присутна на штандот на Lux Kraft и воедно преку ова интервју ќе ги поканам моите колешки да го посетат.
Женски магазин- Негувањето на своето тело, како и времето одвоено за себе, некогаш знае да чини и доста пари. Покрај салоните за убавина, домашната нега е секогаш добредојдена. Дали според Вас, нашите дами повеќе преферираат салон за убавина или домашна нега?
Тања: Кај нас жените навистина изгледаат убаво и негувано и се повеќе му посветуваат внимание на изгледот. Генерално, жените преферираат да се средуваат во салони за убавина, но има и такви кои тоа го прават дома. Во однос на цените сметам дека козметичките услуги се достапни за повеќето.
Женски магазин - Дали и колку според Вас
гелираните нокти се штетни?
Тања: Од моето досегашно искуство, оние материјали за надградба на нокти кои имаат безбедносен сертификат не ги оштетуваат ноктите, но има и материјали со сомнително потекло кои не би смееле да се користат. Во нашиот салон работиме со брендот LUX KRAFT кој е на врвот на Европските брендови за материјали за надградба на нокти. Секој еден, пред да се одлучи да посети маникир треба да се информира со каков материјал се работи во салонот каде што ќе оди. Но исто така, освен неквалитетниот материјал, од клучно значење е и стручноста и искуството на техничарите кои изработуваат нокти. Неправилната изработка и тоа како може да наштети на ноктите.
Женски магазин- Кажете ни нешто повеќе околу техниката Аерографија ?
Тања: Веќе неколку години, во моето студио одржувам обуки за нокти. Од неодамна отворив училиште за надградба на нокти, акредитирно од Министерството за образование и наука, каде учениците по завршување на курсот се подготвени смостојно да започнат со сопствена работа. Сертификтот што го добиваат е меѓународно признаен во повеќе Европски земји. Покрај техниката на надградба на нокти, учесниците за да бидат комплетни, во склоп на курсот добиваат часови за дизајн на нокти но тука е и таканаречената актуелна Аерографија - техника за исцртување на нокти која за прв пат почнав да ја работам пред 6 години , а која ни дава совршени прецизни дизајни.
Женски магазин- Почна сезоната на свадби, а се ближат и матурските и апсолвентските, каков совет ќе им дадете на идните невести и матурантки при изборот на маникир?
Тања: Во овој временски период кога актуелни се матурските и свадбените веселби, на невестите најчесто им предлагам нежна варјанта на нокти, надополнета со кристали и глитери, а со мтурантките се договараме, во зависност од гардеробата, шминката и фризурата. Препораката е да бидат уникатни како во изборот на гардеробата, шминката и фризурта, така и во изборот на дизајн на нокти.
Женски магазин-Што им препорачувате на вашите клиентни за слаби , оштетени нокти?
Тања: Освен здравата исхрана и негата со разни препарати, како најлесен начин до убави и негувани нокти ќе го споменам професионалниот систем LUX KRAFT кој е безбеден за постојано носење и зајакнување на ноктите со кој работам и во моето студио.
Женски магазин- Што ве прави среќна?
Тања: Среќна ме прават задоволните и насмени лица на клиентите, а се разбира најмногу моето семејство, кое ми дава безрезервна поддршка за се што правам.
Ирена Ставрова