Инвестирај во своето знаење - студентски бенефити од Халкбанк за студирање во МБУ

Добивај вести на Viber

Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, со иновативни методи на предавање, целосно на англиски јазик и со реномирани експерти во своите области како професори, Меѓународниот Балкански универзитет создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот. Покрај високата верификација на квалитетот на образованието што се нуди на Меѓународниот Балкански универзитет, вредноста на студиите стекнати на универзитетот се потврдува и со иновативната и креативна понуда на студиските програми.

Мисијата и целта на МБУ е да создава висококвалификувани и квалитетни студенти кои во иднина успешно ќе ја градат својата кариера. Затоа, Универзитетот во соработка со Халкбанк се одлучи за поголема достапност до квалитетно образование создавајќи го наменскиот студентски кредит со 0% камата и со промотивна школарина од 1000 евра. Овој кредит отвора можности за многу средношколци да ги реализираат своите амбиции за квалитетно високо образование и студии што гарантираат успешна кариера во земјава или странство.

За субвенционираниот кредит за студирање на Меѓународниот Балкански универзитет, родителите или членовите на семејството на студентот можат да аплицираат за кредит за студирање без надомест за апликација и одобрување, а не се предвидени ниту трошоци за предвремена отплата. Меѓународниот Балкански универзитет ја покрива каматата за студентскиот кредит, а студентот, односно родителите ја плаќаат школарината кон универзитетот на 12 еднакви месечни рати без камата со можност за добивање грејс период за отплатата од 3 месеци. Оваа сума пресметана на дневно ниво, претставува скромни 180 денари на ден, сума која има за цел да не го оптоварува семејниот буџет, а обезбедува меѓународна академска средина на еден од најдобрите универзитетски кампуси во државата.

Како дополнителна можност за новите студенти, Меѓународниот Балкански универзитет овозможи и промотивна намалена школарина од само 1000 евра со комплетно покриени трошоци за студирање.

Универзитетот во своето богато портфолио на факултети и студиски програми нуди можност да изберете еден од следните факултети: Факултет за економски и административни науки со три студиски програми, Инженерски факултет, Факултет за образовни науки, Правен факултет, Факултет за социјални науки, Факултет за комуникации и Факултет за уметност и дизајн.

Квалитетното образование е предуслов за градење успешна кариера во границите на сопствената држава, но и надвор од неа, а МБУ создава висококвалификувани студенти кои се барани и потребни на меѓународните пазари на трудот.

Инвестирањето во образованието е најдобрата инвестиција која може да се направи, затоа не пропуштајте ја можноста и поволноста која ја нудат МБУ и Халкбанк за вашето дете да студира на еден од најдобрите универзитети на Балканот!