ИРЕНА: Значење на името и какви се оние кои го носат
Името Ирена за прв пат се споменува во грчката митологија, во оригиналната верзија на Еирена, како што се викала божицата на мирот и пролетта, ќерката на Зевс и Темида. Затоа, најчесто значење на името Ирена е „мирна, спокојна“. Според другите толкувања, името Ирена доаѓа од грчките зборови што значат „среќа“, „блаженство“, „љубезност“, „нежност“.
Античките Атињани особено ја ценеле својата божица на мирот. Откако ги добиле поморските битки против Спарта, во знак на благодарност за мирот што ги следел по војната, Грците започнаа да градат храмови за божицата Ирена. Тие ја нарекоа најмила пријателка на музите, најголем благослов на човештвото и непријател на тагата.
Така за личностите кои го носат името Ирена се вели дека се „жената што носи мир и среќа“, „нежна и светла“, „таа што носи радост и среќа“, „убава жена како пролетта“, „личност полна со нежност и топлина“ , „жената на која ѝ се восхитуваат затоа што е борбена, бестрашна и упорна“.