Ирина Дишо го откри полот на второто дете: Малиот Јосиф ќе добие...
Ирина Дишо го откри полот на второто дете. Откако претходно со анкета на Инстаграм Стори ги праша следбениците, што мислат тие што носи таа, машко или девојче, алпинистката самата сподели дека таа и нејзиниот сопруг пејачот Павле Камиловски очекуваат девојче.
Малиот Јосиф ќе добие сестричка.
Инаку, Ирина е позната по тоа што во поодмината бременост, кога беше бремена со својот прв наследник Јосиф го искачуваше Водно, но беше и инспирација за многу млади мајки. Бидејќи и откако го доби Јосиф со него, со бебето го искачуваше Водно, но потоа се направи група на мајки со бебиња кои се искачуваа на планината. И сега во втората бременост таа е физички активна.
А, младите родители, Павле и Ирина во февруари годинава прославија годишнина од бракот. Парот минатата година направи свадба со сите адети. Одење по невестата, венчавка во соборниот храм „Св. Климент Охридски“, а потоа свадбена прослава во познат скопски ресторан.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.