Ѕирнете во домот на една од најпопуларните турски актерки: Овде го нашла мирот

Ѕирнете во домот на една од најпопуларните турски актерки: Овде го нашла мирот

Шармантната актерка која ја гледавме во сериите „Кога лисјата паѓаат“ и „Сулејман Величествениот“ конечно најде дом пред неколку години.

Актерката Дениз Чакир (41) на домашната публика и е најпозната по улогата во серијата „Кога лисјата паѓаат“ во која ја играше Ферхунде Гувен, а во еден период ја гледавме како Султанија Шах во серијата „Сулејман Величествениот“.

Зад себе има долга и богата кариера, а во изминатите години продолжи напорно да снима, па играше во неколку успешни телевизиски серии во Турција, па не не‘ чуди што успеа да си обезбеди луксузен живот.

Актерката пред неколку години ги отвори вратите од својот дом за турското издание на магазинот InStyle и им дозволи на фановите да ѕирнат во дел од нејзиното секојдневие и стан на брегот на Босфорот.

View this post on Instagram

A post shared by Deniz akır (@denizcakir)

Актерката во 2016 година се преселила по четврти пат откако станала жител на Истанбул, а со своите мачки Шати и Пиринч се вселила во стан во населбата Куручешме, имот кој се простира на дури 200 метри квадратни. Претходно живеела во Арнавуткој, Бешикташ и Нишантс, но, како што рече тогаш, најмногу ѝ се допаѓал Куручешме.

View this post on Instagram

A post shared by Deniz akır (@denizcakir)

- Најмногу ми се допаѓа овде. Куќата ме освои на прв поглед и ми даде убаво чувство. Во претходните станови се преправав дека сум задоволна, можеби затоа што во хороскоп сум Јарец, па истрајувам во своите намери, но овде се чувствувам спокојно без никаков труд - истакна тогаш Дениз Чакир.

Таа додаде дека домот со поглед на море е токму она што ѝ треба за целосна среќа.

-Како да сум се вразумила и затоа чувствувам длабок мир - објаснила актерката.

View this post on Instagram

A post shared by Deniz akır (@denizcakir)

Како што истакнала, веќе била задоволна од ентериерот во овој стан, па само ја сменила минимално онаму каде што сметала дека е потребно и додала неколку парчиња мебел. Многу ѝ било важно да има висококвалитетна полица за книги, а се погрижила и да нема премногу теписи и завеси во станот.

- Сакам да ги имам најчесто само во спалната соба - истакна таа.


Фото и Видео: Инстаграм/ Youtube - screenshoot