Ѕирнете во домот на Љуба Аличиќ кој блеска од злато: Сѐ е донесено од Америка и Египет (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Семејниот дом на пејачoт е целосно во злато

Пејачот Љуба Аличиќ изгради прекрасна вила, темно розова, во строгиот центар на Шабац, во која вложи околу половина милион евра. Во оваа куќа живее со сопругата Жељана и двата сина, додека на синот Дејан од првиот брак му изградил куќа во друг дел на градот. 

Љуба пред две години ја пушти екипата на емисијата „Премиера“ да влезе во неговиот семеен дом, а она што тогаш го виде целата јавност ги остави сите без зборови. Имено, внатрешноста на куќата е целиот позлатен, стилски мебел, ѕидовите се полни со уметнички слики и антиквитети, а доминира златната боја. 

- Таа е најголемата љубов во мојот живот, имаме два сина. Добро се согласуваме. Жељана си ја зедов од училиште и немаше да имам ништо да не беше таа, знаете што велат, куќата е на жената. Имав среќна, вредна сопруга – изјави тогаш Аличиќ, а Жељана додаде: 

- На почетокот не беше лесно, знаете љубомора, младост, но се‘ издржавме, заедно сме 40 години. Љуба е идеален сопруг, татко. Нема никакви несогласувања меѓу нас - изјави Жељана. 

- Јас се погрижив за сето ова, затоа е во златна боја - рече сопругата на Љуба.


Фото: Youtube - screenshoot

Образованието им е дискутабилно, но затоа заработуваат илијадници евра на ден: Овие српски ѕвезди немаат ни средно образование