Ѕирнете во домот на Тончи и Вјекослава Хуљиќ: Вака живее најмоќната двојка на хрватската музичка сцена! (ФОТО)

Вјекослава Хуљиќ вели дека ги поседува сите места од нивниот дом, но Тончи сепак има едно ќоше само за себе

Најмоќната двојка на хрватската музичка сцена, сопружниците Тончи Хуљиќ и Вјекослава Хуљиќ се во брак повеќе од 30 години, но се познаваат уште од основно училиште.

И двајцата пораснале во Сплит, каде што е роден Тончи, а Вјекослава уште кога била дете се преселила таму со родителите од Томиславград. Целиот живот Хуљиќ го изградиле во градот под Марјан.

Тие се венчаа во 1987-ма година и заедно добија две деца, синот Иван и ќерката Хана, која минатата година роди внука.

Децата пораснаа и се оддалечија од дома, а Тончи и Вјекослава останаа сами во својата оаза во центарот на Сплит, каде во неколку наврати дозволуваа да сликаат фотографи.

Како што можете да видите на фотографиите, во домот на семејството Хуљиќ доминира белата боја и многу детали посветени на музиката и нејзиното создавање, семејни фотографии и многу, многу светлина. Тончи во домот има и свое музичко студио, кое е негова оаза, додека Вјекослава еднаш откри дека таа е всушност глава на куќата.

„Ги чувам сите четири кантони во нашиот дом, од првиот ден на бракот. Тончи е старомоден далматинец кој не готви, не оди во кујна, не плаќа сметки“, изјави Вјекослава за „Слободна Далмација“, кога им ја отворила вратата од својот дом, а потоа се опишала како типична сопруга и мајка, која готви секој ден и се грижи за своето семејство, но признала и дека ручекот може да ѝ загори кога ќе ја фати момент на инспирација.

Погледнете ги фотографиите од домот на Хуљиќ со КЛИК НА ОВОЈ ЛИНК


Извор: showbuzz.dnevnik.hr