ИСКРЕН ТАТКО: Работи за кои се надевам дека децата ќе ги кажат за мене
Децата повеќе учат набљудувајќи ги своите родители, отколку слушајки ги. Тоа родителите ги прави да водат сметка за своето однесување и да бидат свесни за своето влијание. Мораме да ги преиспитаме своите животи и да провериме дали се во согласност со она што го зборуваме.
Ова е листа од работи кои повеќето татковци сакаат нивните деца да ги кажуваат за нив. Во прашање се најважните лекции кои ќе ги научите од нив.
- Не сакаше. Го видовме тоа од неговите зборови, читавме од неговото лице и неговите дела.
- Ја сакаше нашата мајка. И секогаш и беше верен.
- Беше искрен. И кон нас и кон другите. Не се сеќавам некогаш да лажеше.
-Напорно работеше. Ја разбираше вредноста на работата и не го плашеше.
-Секогаш доаѓаше дома на време. Вредно работеше на работа, но знаеше и кога треба да застане.
-Повеќе се грижеше за луѓето отколку за парите.
-Беше добар пријател. Ме научи колку тоа значи во не така пријателскиот свет.
-Им помагаше на другите. Бараше прилики да биде од помош, посебно на оние кои сами не можат да си помогнат
-Беше дарежлив, кога се во прашање неговиот дом, неговите пари, неговото време и енергија
-Не засмејуваше. Секогаш беше забавно сo него
-Сакаше да чита. Читаше поради работата, поради задоволство и за да работи на себе.
-Го сакаше животот. Беше благодарен за секој момент
-Секогаш беше полн со надеж. Неговата надеж беше свежа, животна и истрајна
-Постапуваше за наше добро. Бевме послушни, но не поради неговиот бес, туку поради неговата љубов
-Беше горд на нас. Тоа често ни го зборуваше
-Но, нас често не тераше да бидеме подобри. Искрено сакаше да успееме
-Во луѓето го гледаше она најдоброто. И настојуваше да учи од нив.
-Беше несебичен. Животот му се вртеше околу личните желби
-Не дозволуваше културата да му ги одредува убедувањата
-Знаевме дека можеме да сметаме на него кога и да е потребно. И ден и ноќ.
-Секогаш се распрашуваше за нашите пријатели. Сакаше да знае се за луѓето со кои го поминуваме времето
-Умееше да се одмара. Знаеше кога и како да посвети време да го освежи телото и душата
Photo by Juliane Liebermann on Unsplash