Искрена исповед на Роза Мојсовска која црта со уста

Добивај вести на Viber

„ Родена сум во Скопје, три години по земјотресот, со телесен хендикеп.  Кога сум била бебе, лекарите на моите родители им препорачале да ме однесат во Белград, бидејќи болницата во Скопје не беше средена по земјотресот во 1963 година. Моите го послушаа советот на лекарите и ме однесоа во Белград. Тогаш сум била шестмесечно бебе“,  е почетокот од личната приказна Роза за Женски магазин. 

 Уметницата Роза Мојсоска е една храбра жена која е родена со телесен инвалидитет и од 1976 година живее во Заводот за рехабилитација „Бања Банско“ во Струмица. Таа има редок талент и знае да слика со уста. 

„ На седум годишна возраст, рацете ми беа оперирани и не можев ништо да правам. А беше Денот на жената, осми март. Тогаш сите деца цртаа честитки за празникот, а јас не можев. Со мојата желба и јас да направам нешто, ја зедов боицата во уста и нацртав цвет. Тогаш сите се воодушевија кога го видоа мојот цртеж“, ја сподели приказната Роза.