Искрено роденденско признание на Јелена Карлеуша: Живеам поинаку од моментот кога ми се случи трагедијата

- Животот ме научи никогаш да не го заборавам оној што ми прави добро - рече Јелена.

Поради ограничувањата кога станува збор за прослави на јавни места и поради ситуацијата со коронавирусот, Јелена Карлеуша го организираше прославувањето на 42-от роденден во својата нова вила на Сењак.

Тимот на Телеграф.рс беше единствениот кој имаше можност да биде на прославата и да разговара со Карлеуша на нејзиниот ден. На почетокот на разговорот, веднаш ја прашаа што си посака, но таа изненади со нејзиниот одговор.

- Искрено, ништо. Навистина ништо. Толку брзав да го организирам роденденот што не ни мислев на моите желби, туку да ги израдувам сите - рече Јелена, која блескаше во бел фустан.
За мене е важно што сите си поминуваат убаво, што сите дојдоа, има убава атмосфера, сите да се најадат добро, без оглед на тоа што никој не ја допира храната - се пошегува Јелена.

Како што кажа, нејзината помлада ќерка Ника спие со неа, па чекала до полноќ вечерта на 16-ти, да биде прва што ќе и честита на мајка си за роденденот.

Сопругот на Јелена, Душко Тошиќ, не можеше да дојде во Србија поради фудбал и обврски и да присуствува на прославата, но дали тој подготви изненадување за неа, иако е далеку?

- Изненадување е што го имам сето ова вечерва, зарем тоа не е убаво изненадување? Изненадување за целата јавност, веројатно - рече Јелена.

На прашањето колку е променет нејзиниот живот кога се споредува со 20-годишна Јелена и сега, таа вели дека сега повеќе ужива во малите нешта. Особено откако се случи трагедијата со Дивна, пејачката решила да оди чекор по чекор во животот. 

- Тоа е она што ме научи животот... Да ценам сè што имам. Пријателите, секој убав збор и никогаш да не заборавам на оние што ми прават добро. И, да им простуваме на непријателите. Тоа е можеби најголемата мудрост на животот. Не се оптоварувајте со лутина и омраза кон никого, туку простете и справувајте се само со убави емоции.

Инаку би била многу горчлива, затоа што се случија многу неправди во мојот живот, многу лоши луѓе. Мислам дека најдоброто нешто за човекот е да простува, да си дозволи да сака, а не да се плаши да сака, да живее многу мудро секој ден. Да не звучам клише, но утре е луксуз за секој од нас. Не само поради тешкиот живот и проблемите на секој од нас, туку, еве што се случи со коронавирусот, што генерално се случува со планетата... Треба да живеете од ден за ден, да бидете добар човек, да правите добри дела и да уживате во тоа. Тоа е мојата порака до сите и мојата роденденска желба - беше искрена пејачката.

- Сето тоа доаѓа со возраста. И милост, и прошка и вистинска љубов. Човек не може навистина да сака на 20, навистина да разбира на 20, ниту може да мрази, ниту да сака, ниту да простува на 20 години. Но, на 42 ... Ќе се сретнеме на 50, се надевам, ако постои планетата, решив да изгледам повторно како на 20 - рече низ смеа поп-sвездата.

извор:telegraf.rs