Искрено со Петар Богојески: Обожавам почетоци. Не сакам краеви. Сакам кога трае
Настрана од политиката, Петар Богојески ви го доловуваме во друго светло.
Има неверојатна смисла за хумор, посебно на своја сметка! И не се лути ако му кажете забелешки- внимателно ве слуша и секогаш има одговор. Едноставно, знае како да се однесува со луѓето без да биде претерано наметлив или да наметнува по секоја цена свои мислења.
Во периодов е активен со „Македонски концепт“, но настрана од политиката, тој несомнено има стил на облекување и однесување. Висок е прилично и скоро се‘ му стои, но тоа не значи дека не е внимателен при изборот. Вели дека не сака да создава слика на лажна скромност со „специјализирана“ кампањска облека...
Ова е само дел од ставовите кои ги има и за облеката и за однесувањето и за приватниот живот. Во продолжение, за Машки магазин, Богојески oтворено зборува за смејството, што прави кога не се занимава со политика, за неговите желби, идеали и многу повеќе.
Продолжете на Машки магазин за интервјуто со Петар Богојески