Исплатливо е да ги купите: Практични модели на здолништа кои можете да ги носите и на +30 степени и во зима (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Купете едно од нив денес и во него ќе изгледате фантастично и во јануари!

Здолништа се безброј пати докажано парче за да оставите впечаток и да се чувствувате удобно и самоуверено и се многу погодни за различни комбинации, а сега ќе ви претставиме модели кои можете да ги носите преку целата година.

Плисирано здолниште

Овој модел стана еден вид модна класика! Долго или кратко, еднобојно или шарено, плисирано здолниште е сигурен начин суптилно да привлечете внимание и да изгледате елегантно. Најпопуларни се моделите со миди должина и длабок струк, а може да се носат и во деновите на најголемата летна горештина и во зимските месеци.

Најдобро од се можете да го носите многу лежерно, но и кога треба да сте ултра елегантни.

Како инспирација можат да ви послужат: Шпанската кралица Летиција, војвотката Кејт Мидлтон, Адриана Лима

Здолниште со точки

Време е да купите здолниште со овој дезен! Пред неколку дена, Сара Џесика Паркер беше фотографирана во волшебен крем модел со големи црни полка точки, додека несомнено омилени се парчињата со ситни бели точки во морнарски стил или црвени, и каков стил и да одберете - нема да погрешите, во Август или јануари..

Едноставно искомбинирајте со едноставна маица и ќе изгледате одлично!

Како инспирација можат да ви послужат: Сара Џесика Паркер, Кејт Мидлтон

Молив здолниште

Најчесто се поврзани со деловниот стил и се дел од женските бизнис стајлинзи, но здолништата што ги покриваат колената и ја следат линијата на телото, одамна излегоа од овие рамки. Нив можете да ги носите и во малку пообични ситуации, како што е излегување на пијалак навечер, но и кога одите на забава.

Изгледаат одлично кога се комбинираат „контрастно“ - црно здолниште со бела кошула е класика! 

Како инспирација можат да ви послужат: Меланија Трамп, кралицата Летиција, Наоми Кембел


фотографии: profimedia
извор:GLOSSY