Испливаа детали од врската на Адел и агентот на Леброн Џејмс: Не се разделуваат, а се зборува дека се несериозни

Откако јавно го покажа момчето, не престанува да интригира со врската...

Познатата пејачка Адел (33) неодамна јавно го покажа момчето Рич Пол (39), кога заедно се појавија на финалето на НБА во Феникс кон средината на јули, а сега испливаа детали од нивната романса.

Адел и агентот на кошаркарот Леброн Џејмс, наводно се во љубов од мај, пишува „Page Six“, но наведуваат дека нивната врска сепак не е сериозна.

Пејачката и нејзиното момче пред неколку дена повторно беа видени заедно, овој пат на состанок со уште една двојка во Њујорк. Наводно при влегувањето во ресторанот разменувале нежности и делувале многу среќно.

„Тоа не е ништо многу сериозно, но добро се забавуваат“ - кажа информираниот извор за „People“ и додаде дека тие имаат неколку заеднички пријатели поради што поминуваат уште повеќе време заедно.

Адел уште претходната година ја поврзуваа со американскиот рапер Скепт, иако беа гледани заедно, пејачката не се огласуваше за приватниот живот.

А, дека освен музиката го сака и спортот, Адел неодамна откри на својот Инстаграм профил. Имено, на неодамна одржаното финале на Европското фудбалско првенство ги бодреше своите во дресот на англиската репрезентација.

За потсетување, Адел пред неколку години се разведе од сопругот Сајмон Конецки, со кој го има симот Анџело.

фото: Profimedia/Christian Petersen / Getty images