Исповед на мајка: Се каам што се породив, многу ми недостига стариот живот

Добивај вести на Viber

Мама на две деца откри дека жали што се породила затоа што ѝ недостига стариот живот. На родителскиот форум „Mumsnet“, таа објасни дека ѝ недостига „слободата и луксузот да не мора постојано да размислува за другите“.

„Имам две деца кои ги сакам. Но, и покрај љубовта, чувствувам длабоко жалење што некогаш сум се породила. Ми недостига мојот стар живот. Ми недостига слободата што ја имаш кога немаш деца. Ми недостига односот кој јас и сопругот го имавме пред децата. Ми недостасуваат мрзливи викенди кога не треба да стануваш, како патувањата на кои одевме“, напиша таа.

Таа мисли дека би било поубаво да нема деца и жали што никој не ја предупредил како ќе изгледа нејзиниот живот.

„Зошто никој не ми кажа да немам деца? Можеби ќе го послушав“, заклучила таа.

Следеа сто коментари во кои луѓето ѝ кажуваа дека најверојатно се работи за депресија и ја советуваа да најде терапевт за разговор.

„Звучете како да ви треба попозитивен пристап. Можеби некој би можел да ви помогне да се справите со работите што не можете да ги контролирате“, предложи една личност.

Но, таа не е единствената која се бори со такви чувства. Многу мајки признаа дека понекогаш и самите размислуваат слично.

„И јас бев тажна поради сето она што го кажуваш кога мојот син беше бебе. Разговорот со терапевт навистина ми помогна“, „Вашите чувства се природни и не ве прават лоша личност“, „Родителството не е за секого, не се обвинувај, а и моето искуство е слично“, велат тие.

Извор: www.index.hr