Ист Гејт Мол со две станици за полнење на електрични автомобили, донација од ПроКредит Банка

Добивај вести на Viber

Паркингот на Ист Гејт Мол од денес претставува уште една точка каде што граѓаните ќе можат да ги полнат своите електрични и хибридни автомобили. Полначите се наоѓаат на првото ниво на паркинг, во виолетовата зона на јужниот влез на паркингот.

Посетителите ќе можат непречено да ги користат полначите, а струјата за нив е бесплатна. Предноста на користење на електричните возила во Македонија е во намалувањето на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, трошоците за транспорт и намалување на бучавата во градовите.

Станиците се донација на ПроКредит Банка, која во нашата земја е инкорпорирана како сериозен инвеститор во стопанството како и единствена банка која ги поддржува здравите добри иницијативи, склучува договор за партнерство каде заеднички со Ист Гејт Мол ќе градат култура на паметно користење на ресурсите и ќе шират добри пракси за зачувување на животната средина.

“Центарот, како општествено одговорна компанија, ќе продолжи да ја следи својата мисија да биде предвесник и лидер во технолошките иновации и понатаму ќе имплементира решенија кои ја зачувуваат животната средина.” изјави Извршниот директор Игор Давков.

“Овие полначи се од германскиот производител Меннекес и имаат моќност од 11 kw. Во зависност од батеријата на возилото, капацитетот на целосно полнење на автомобилот може да биде меѓу 5-7 часа.” - изјави Методија Миноски, Директор во одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка.

ПР објава