ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖА: Oваа храна ја зголемува продуктивноста на работа

Добивај вести на Viber

Според резултатите од истражувањето направено од професор Ден Ариели бесплатната пица го мотивира вработениот да работи побрзо и подобро.

Ариели направил еден мал експеримент, односно тој на почетокот на седмицата испратил три пораки на вработените во Интел во Израел. На една група ѝ ветил бесплатна пица, на друга паричен бонус од 30 долари и на третата група ѝ пратил порака со пофалби од шефот. Дел од вработените кои служеле како контролна група не добиле никаква порака.

Еден ден бил потребен за Ариели да сфати дека она што најмногу ги мотивирало вработените е бесплатната пица. Според резултатите од неговото истражување, вработените на кои им била ветена пица биле 6,7 проценти помотивирани од тие што не добиле ниту една порака. На второ место е пофалбата од шефот, која ја зголемила продуктивноста на 6,6 проценти, додека паричниот бонус ја зголемил продуктивноста само за 4,9 проценти.

Оние на кои им бил понуден бонус за два дена биле 13,2 проценти помалку продуктивни, а до крајот на неделата нивната продуктивност се намалила за вкупно 6,5 проценти.

На крајот на неделата, продуктивноста на оние кои добиле пофалба од шефот се изедначила со оние кои добиле бесплатна пица. Ариели вели дека доколку го оствареле оригиналниот план односно ја доставеле на пицата на домашната адреса на вработените, пицата би била убедливиот победник.