ИутеКредит донатор на опремата во новите простории на клиниката за Гастроентерохепатологија

Добивај вести на Viber

Денес беше пуштен во употреба реновираниот оддел за гастроентерохепатологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како еден од дванаесетината оддели кои се целосно реновирани и каде што се обезбедени одлични услови за лекување на пациентите и за работа на персоналот.

Со оглед на тоа дека здравјето и здравата животна средина се една од областите општествено одговорно делување на Финансикото друштво ИутеКредит, компанијата учествуваше со финансиска помош во опремувањето на просториите на одделот.

 “Би сакале да се заблагодариме на финансиското друштво ИутеКредит Македонија, со чијашто помош беше опремена една од собите во рамки на клиниката за гастроентерохепатологија.”- изјави Доц. Д-р.Калина Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Пуштањето во употреба на новите простории на клиниката за Гастроентерохепатологија, беше направено во присуство на Министерот за здравство Венко Филипче и Премиерот Зоран Заев, кои посакаа успешна работа во новите услови на клиниката генерално овозможени од програмата на Владата и упатија благодарност до донаторите од приватниот сектор.

ИутеКредит продолжува во својата мисија да делува кaко општествено одговорна компанија која ќе поддржува проекти од јавен интерес како што се здравата животна средина, образованието и спортот.