Иван и Јана си кажаа „ДА“: Се ожени синот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов

Се ожени синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Иван Иванов, кој минатата година во октомври ја побара за сопруга саканата Јана, денес и официјално стапи во брак со избраничката.

За овој чин, јавноста дозна преку социјалните мрежи.


За оваа пригода, Јана не се одлучила за класична бела тоалета, туку избрала фустан во нежно розева боја.

Она што паѓа во очи, е стомакот на Јана, па сите се запрашаа дали семејството очекува принова.