Иван од „Либеро бенд“ стана татко: Се роди неговата принцеза, доби многу необично име
Фронтменот на групата Либеро Бенд, Иван Јованов стана татко. Неговата партнерка Ивана на свет ја донесе нивната ќерка, Ниа.
Иван на Инстаграм сподели фотографии со честитки за ќерката.
Инаку малата Ниа родена е вчеравечер во 21 часот и 15 минути, со тежина од 3 килограми и 240 грама и висина од 49 сантиметри.
Ниа е име од ирско потекло. Ова е велшката верзија на старото ирско име „Niamh“ што значи „сјај“.
Парот откривањето на полот на бебето го направија пред
неколку месеци со трендот на отворање балони од кутија.
Иван успешно
ја криеше врската со неговата партнерка Ивана од медиумите, но за Женски магазин
зборуваше и за новата улога која треба да ја игра во животот, но и за партнерката.
„Во суштина ништо круцијално не е сменето во мојот живот. Јас и Ивана сме заедно повеќе од една година и го живееме темпото кое ми е наметнато поради мојата професија без никаков проблем.Животните искуства ме научија на тоа дека убавите нешта не треба да се споделуваат со јавноста. Така и ќе продолжам, ќе ја чувам мојата врска далеку од очите на јавноста колку што тоа е возможно“, раскажа Иван.
Фото: Инстаграм