Изгледа екстремно скапо и женствено, може да се носи во лето и во зима: Топ парче облека за есенски аутфит

Добивај вести на Viber

Пред неколку сезони, омиленото летно парче дефинитивно беа таканаречените слип фустани, односно фустани направени од свила или од сатен во миди должина, кои на прв поглед наликуваат на ноќница.

Сигурни сме дека имате барем едно такво парче во вашиот плакар, а доколку се уште не сте го набавиле - време е да го направите тоа, бидејќи овој модел е „must have“ и во наредната сезона.

Имено, одамна не се случило дизајнерите да извадат такво практично и благодарно парче - не само што може да се носи од утро до вечер во зависност од тоа со што ќе го комбинирате, туку е и една од ретките летни ткаенини што не треба да го пакувате со доаѓањето на првите постудени денови. 

View this post on Instagram

A post shared by Eniswardrobe (@eniswardrobe)


Слип фустаните зрачат со софистицираност и ѝ даваат на секоја жена елегантен и софистициран изглед, а сепак тие се толку едноставни и совршени за комбинирање. Тие се носат до тој степен што можете да ги носите наместо венчаница, исто како што направи Хајли Бибер, но и за ручек во вашиот омилен ресторан или за на кафе со пријателите. 

Благодарение на тој едноставен дизајн, можете да го носите во есенските денови со тексас јакна или добра предимензионирана јакна и чизми над коленото или вашите омилени патики. Друг голем тренд е комбинирање на овој модел на фустан со плетен дебел џемпер, а ако ова ви изгледа некомпатибилно - само погледнете колку добро изгледа оваа комбинација на дело! 

View this post on Instagram

A post shared by Jess | Minimal Style (@_jessicaskye)


Покрај слип фустаните популарни се и слип здолништата и можете да ги носите на ист начин во есенските денови.

Во ГАЛЕРИЈАТА побарајте инспирација како да го носите вашиот слип фустан во есенските постудени денови:

ФОТО: pinteres/Инстаграм