Изгледа одлично на 66 години: Најпровокативната филмска сцена на Снежана Савиќ
Филмот „Што е со тебе, Нина“ кој е прикажан во Југославија во 1984 година го размрда целиот регион, затоа што актерката и пејачка Снежана Савиќ, во една од сцените сосема се разголе, пишува „Србија Данас“.
Савиќ и денес важи за една од најубавите познати дами во поранешна Југославија, а во осумдесетите таа беше миленичка на машката публика.
Сцена од филмот „Што е со тебе, Нина“
За сцената во бањата каде што е разголена, тогаш коментираше целата југословенска јавност, а и денес многумина велат дека тоа е најпровокативната филмска сцена некогаш снимена во поранешна Југославија.
Актерката и пејачка играше во популарните серии „Подобар живот“, „Среќни луѓе“ и „Семејно благо“, како и во повеќе филмови и претстави. Снежана неколку години беше во брак со режисерот и сценарист Драгослав Лазиќ со кој ја има ќерката Анита.
Имам нежна и стабилна врска.- Снежана Савиќ
Фото: Пинк.рс
„Не сакав да ги „мешам авторите“, па затоа не родив второ дете“, одговори неодамна актерката на прашањето зошто по втор пат не се омажила. Минатата година, таа за српски „Курир“ рече дека е во нежна и во стабилна врска со еден маж кој не е од јавниот живот.
Савиќ годинава наполни 66 години, изгледа одлично и вели дека убавината ја негува со здрав живот.