Изгледаа исто, но беа сосема различни: Сестрата близначка на починатата Бојана Јанковиќ беше најголемата љубов во нејзиниот живот
Сестрите Николиќ - Бојана и Ивана - одбележаа една ера со својата убавина и шарм, кога ја водеа емисијата „Сити“ на почетокот на 2000-тите и отсекогаш имале топла и прекрасна врска.
Водителката Бојана Јанковиќ, пронајдена е мврва во својот дом јавија локалните медиуми, а причината за смртта се уште не е позната.
Нејзиното тело било пронајдено во стан во Белград без знаци на живот, а Вишото јавно обвинителство во Белград наредило обдукција, тврди Телеграф.
Бојана зад себе остави две ќерки кои ги доби во брак со режисерот и рапер Огњен Јанковиќ и изгради долга и успешна кариера на телевизија.
По работата во БК и Метрополис ТВ, таа се здоби со пошироко признание со водење на емисијата „Сити“ на ТВ Пинк, каде што работеше со нејзината сестра близначка Ивана.
Сестра на Бојана (Николиќ) Јанковиќ
Ивана, која беше во брак со ракометарот Един Шкориќ, и Бојана беа многу блиски цел живот, а заедно студираа на Факултетот за политички науки и ја водеа музичката емисија „Сити“, кога станаа омилени ТВ-личности на почетокот на 2000-тите.
Минатата година Бојана сподели селфи на кое позира со својата сестра и напиша:
- Мојата најголема љубов и моето се.
Како што раскажаа во едно од ретките заеднички интервјуа, иако физички изгледаа како една личност, тие беа многу различни, што мајка им го нагласила со тоа што не сакала да ги облекува исто, како што често се случува со близнаците.
- Мама инсистираше да не бидеме исто облечени за да не разликува. Би рекла дека го имаше предвид и фактот дека ние две, иако физички идентични, сепак сме различни личности, што се обиде да го истакне со нашата облека - објаснила Бојана за Story.
- Мама избра претежно облека во различни бои, за што сум благодарна. Ние двете бевме различни од детството и никогаш не сме биле дупликат еден на друг – истакнала Ивана.
Но, подоцна развиле сличен вкус, а Ивана истакнала дека „имаат ист сензибилитет“.
Додека Ивана учествуваше во реалното шоу на ВИП Големиот брат, Бојана и беше голем поддржувач, иако истакна дека сама не би се осмелила на ваков предизвик.
- Горда сум на Ивана бидејќи успеа да го покаже своето вистинско лице. Знаев дека сите во куќата ќе ја сакаат и таа е прекрасна личност која многумина ја ценат. Сигурна сум дека не би имала храброст да прифатам ваков предизвик бидејќи немам толку слободен дух како неа, но можеби еден ден ќе го сменам ставот - заклучи Бојана.
Фото: Инстаграм
Извор: Glossy.espreso.co.rs