Изгубени генерации: 20 прости работи кои денешните деца не знаат да ги направат
Некогашните генерации учеа сè што им треба во животот сами.
Но, денешните деца за сè се потпираат на Интернетот и модерната технологија, толку многу што кога ќе им се потроши батеријата, тие веќе не се во можност да решат некои проблеми.
На пример, за денешните тинејџери е тешко да знаат како да се ориентираат во природата со помош на компас или мапа, бидејќи тие користат исклучиво навигација.
Еве што денешните деца не знаат да прават денес:
- Да посеат семе и да израснат растение за јадење
- Да сменат гума на велосипедот
- Да го идентификуваат името на кое било дрво или птица во реалниот свет
- Да наведат име на барем една sвезда на небото
- Да заменат прегорен осигурувач
- Да се движат користејќи мапа без да користат навигација
- Да исечат парче дрво во права линија користејќи рачна пила
- Да зготват вистинско јадење, кое не се купува полу-готово
- Да пресметаат 15 проценти од сметката како бакшиш за келнерот
- Да запалат логорски оган, дури и со запалка
- Да наострат нож, дури и со помош на острилка
- Да направат засолниште во шумата користејќи материјали што се наоѓаат во природата
- Да го кренат автомобилот со дигалка во случај на поправка
- Да цепат дрва
- Да запалат оган во шпоретот
- Да ја прочистат водата со пластично шише и сончева светлина
- Да ги читаат и толкуваат знаците од компасот
- Да источат гориво од резервоарот на напуштен автомобил
- Безбедно да заврзат и затегнат јаже за која било намена
- Да го поправат скршеното црево за вода во градината без да купат ново
Ако имате нешто да додадете, слободно споделете со нас во коментари!
Фото: Shutterstock