ИЗРЕКИ НА БУДА КОИ ЌЕ ВЕ ЗАМИСЛАТ: Согледајте се себе и светот поинаку од што ве учеа
Сидарта Гаутама е без сомнение еден од најголемите мислители, филозофи и учители во историјата на човештвото и она што го говорел пред 2.500 години не престанува да не инспирира нас и луѓето до ден денес.
Буда буквално значи „буден“ или „оној кој е буден“ и се однесува првенствено на Сидарта Гаутама, индиски мудрец кој доживеал просветлување и ги подучувал луѓето како и тие да го постигнат тоа.
Ако не ни верувате, само прочитајте некои од неговите изреки.
- „Она што сме е резултат на она што го мислиме. Умот е сѐ. Тоа што го мислиме, тоа и стануваме.“
-„Злоделата настануваат поради умот. Ако го промениме умот, ќе може ли злоделото да опстане?“
„Илјади свеќи можат да се запалат со една единствена свеќа, без нејзиниот живот да се скрати. Среќата никогаш не се намалува ако се дели.“
„Не живејте во минатото, не фантазирајте за иднината, концентрирајте го својот ум само на сегашниот момент.“
„Независно колку свети зборови ќе прочитате, независно колку ќе ги изговорите, какво добро има ако не работите по нив?“
„Дури ни смртта не го плаши оној кој живее мудро.“
„Мирот доаѓа однатре. Не барајте го надвор.“
„На небото нема разлика помеѓу исток и запад. Луѓето прават разлика со својот ум и потоа веруваат дека таа е вистинска.“
„Ако јасно можеме да го видиме чудото на еден единствен цвет, целиот живот би ни се променил.“
„Единствениот вистински неуспех во животот е да не бидете верни на тоа што знаете дека е правилно.“
„Нема да бидете казнети за својот бес, ќе бидете казнети со својот бес.“
„Вие самите, еднакво колку и сѐ останато во целиот универзум, заслужувате љубов и приврзаност.“
„Три работи не можат долго да се кријат: Сонцето, месечината и вистината.“
„Оној кој ќе се ослободи од злобните и навредливи мисли, сигурно ќе најде мир.“
„Да се разбере значи да се прости сѐ.“
„Кога умот е чист, среќата доаѓа како сенка која никогаш не заминува.“
„Не можете да патувате додека самите не станете патот.“
„Кога ќе сфатите колку е сѐ совршено, ќе ја навалите главата наназад и ќе се смеете на небесното.“
„Стомната се полни капка по капка.“
„Не верувајте во ништо, без оглед каде сте го прочитале и кој го рекол тоа, дури и ако јас сум го кажал, ако тоа не се сложува со вашиот здрав разум.“
„Кучето не се смета за добро ако добро лае. Човекот не се смета за добар ако добро зборува.“
„Ништо не е посмртоносно од навиката на сомневањето. Сомнежот ги дели луѓето. Тој е отров кој го уништува пријателството и ги крши добрите односи. Тој е трн кој иритира и повредува. Тој е меч кој убива.“
„Патот не е на небото. Патот е во срцето.“
„Имајте подеднакво сочувство кон сите живи суштества, богати или сиромашни. Секој има свое патење. Некои патат многу, некои премалку.“
„Подучувајте ги луѓето на оваа вистина: Великодушното срце, љубезниот збор и службата и сочувството се работи кои го обновуваат човештвото.“
„Целата тајна на постоењето е да немате страв. Никогаш не плашете се од она што ќе ви се случи, не зависете од никого. Само во моментот кога ќе ја одбиете секоја помош сте вистински ослободени.“
„Никој не може да нè спаси освен ние самите. Никој не сака и никој не може. Ние самите мораме да одиме по патот.“
„Да се освоите себеси е поголема задача од освојувањето на другите.“
„Вашата работа е да ја откриете својата работа и потоа да ѝ се посветите со целото свое срце.“
„Подобар од 1.000 празни зборови е еден збор кој носи мир.“
„Омразата никогаш не престанува преку омраза. Омразата престанува преку љубовта. Ова е непроменлив закон.“