Ја боли уво за сѐ: Вака изгледа внатрешноста на приватниот авион на Брена (ФОТО)

Познато е дека пејачката Лепа Брена ужива во луксузот и богатството кои ги стекнала преку својата работа и талент во својата долга кариера.

Пејачката иако не сака да зборува за тоа со колку пари располага, често со своите следбеници споделува фотографии и видеа на кои ужива во скапи места, а така е и овој пат.

Имено, Брена сподели видео од авионот на кое се гледа како лежи на кожените седишта пред телевизорот. Насмеана, извади чаша вино од масата и покажа како ужива во летот во прва класа.

Ова видео предизвика лавина коментари на социјалната мрежа Инстаграм: „Брена знае да ужива“, „Секоја чест“, „Изгледа прекрасно“, „И се восхитувам“...


ФОТО: инстаграм screenshot