Ја испочитуваа традицијата на Велики четврток: Погледнете како познатите македонки ги вапцаа првите Велигденски јајца

Добивај вести на Viber

Денес е голем ден - Велики четврток. 

Според традициите и обичаите за овој празник домакинката во семејството станува пред изгрејсонце и бојадисува три јајца во црвена боја. 

Првото според преданијата е за Бог и се вика Господово јајце, второто на домаќинот - главата на семејството, а третото на бериќетот и стоката.

Многу познати наши дами, на социјалните мрежи ги споделија Велигденските јајца кои ги вапцале утрово. Водителките Снеже Велков, Милена Антовска, Викторија Петровска,  Марјана Станојковска... Традиционално неколку години наназад и пејачката Калиопи ја почитува традицијата, па своите први вапцани јајца ги покажа на Инстаграм стори. 

Повеќето бојадисале бојадисале само три јајца, да се направи адетот.

Еве само дел од Велигденските јајца на познатите: 


Фото: Инстаграм