Моден фокус // Стил Профил
Ја купува ли Мајкл Корс модната куќа „Версаче“ ?
Весникот „Кориере дела сера“ денес објави дека Модната групација на популарниот дизајнер Мајкл Корс склучила договор за превземање на италијанската компанија „Версаче“ повикувајќи се на дури три извори блиски до овие компании.
Официјална потврда се уште нема, а се шпекулира дека договорот ја проценува модната куќа, препознатлива по логото со глава на медуза, на фантастични 2 милијарди долари.
Како дел од договорот, Блекстоун, која купи 20 проценти од Версаче во 2014, целосно ќе излезе од сопственичката структура на италијанска компанија, додека Фамилијата Версаче која е сопственик на останатиот дел, ќе ја задржи својата улога.