Ја нарекоа чудовиште поради големата бенка на лицето: Погледнете како изгледа денес девојчето

Луна Таварес-Фенер е родена со црна бенка во форма на пеперутка на лицето. Родителите се плашеле дека нивната ќерка ќе биде жртва на насилство поради бенката, па решиле да ја отстранат.


„Приближно 80 проценти од луѓето кои доаѓаат кај мене со иста дијагноза велат дека биле малтретирани со години. Не сакам Луна да помине низ тоа. Кога ќе излеземе на улица, луѓето зјапаат и покажуваат со прст или доаѓаат до ја погледнат внимателно. Ужасно е. Странците велеа дека е одвратна и дека нема да можам да се справам со тоа што еден ден ќе помине низ тоа на училиште“, изјавила мајката на Луна, Керолин Фенер.

Таа наиде на негативни коментари на Инстаграм, каде многумина напишаа дека Луна е чудовиште. Семејството собра 69.700 долари и отпатува во Русија на операција за отстранување бенката, бидејќи таква процедура не била достапна во САД.


Луна на крајот помина низ шест операции, благодарение на кои бенката беше речиси целосно отстранета. Станува збор за вроден меланоцитен невус кој зафаќа едно од 20.000 родени бебиња во светот, а може да биде канцероген.

View this post on Instagram

A post shared by  Luna  Mae no Controle  (@luna.love.hope)



Фото: Инстаграм - luna.love.hope