Ја наследила убавината од мама: Вера Мештеровиќ со ќерката Јована заедно на концерт

Познатата манекенка и водителка на утринската програма на Канал 5 Телевизија, Вера Мештеровиќ објави фотографија со нејзината ќерка, Јована.

Мајка и ќерка заедно беа дел од публиката на концертот на македонскиот пијанист Симон Трпчески во Македонската филхармонија.

Малата Јована има сличности со нејзината убава мајка, па јасно е кој ќе ја наследи убавината на Вера.

Тие две често одат заедно на јавни настани, неодамна споделија селфи фотографија од „Златна бубамара на популарноста“.

Фото: Инстаграм